Шладен-Верла (германски: Schladen-Werla) — општина во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Била создадена на 1 ноември 2013 година со спојување на општините од поранешната општинска заедница Шладен: Гилде, Хорнбург, Шладен и Верлабургдорф.

Шладен-Верла
Општинското собрание во Шладен
Општинското собрание во Шладен
Општинското собрание во Шладен
Грб на Шладен-Верла
Шладен-Верла во рамките на Германија
Шладен-Верла
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Волфенбител
Градоначалник Андреас Мемерт (самостоен)
Основни податоци
Површина 73,85 км2
Надм. височина 97 м
Население 8.666 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 117 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WF
Пошт. бр. 38315
Повик. бр. 05334, 05335, 05339
Портал schladen-werla.de
Местоположба на Шладен-Верла во рамките на округот Волфенбител
Карта
Карта
Координати 52°02′0″N 10°34′0″E / 52.03333° СГШ; 10.56667° ИГД / 52.03333; 10.56667

Географија

уреди

Општината се наоѓа на северните подножја на планинскиот масив Харц, протегајќи се долж реката Окер. Се граничи со округот Гослар на југозапад и сојузната покраина Саксонија-Анхалт (долж поранешната внатрегерманска граница) на југоисток.

Општината Шладен-Верла се состои од местата: Бојхте, Гилде, Хорнбург, Изингероде, Шладен, Вере и Верлабургдорф. Административното седиште на општината се наоѓа во Шладен.

Сообраќај

уреди

Станицата во Шладен се наоѓа на линијата Брауншвајг-Бад Харцбург, опслужувана од регионални возови. Општината има пристап до автопатот Б395.

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди