Холм (Новгородска област)

град во Русија

Холм ( руски: Холм) е град на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација . Најјужна градска населба е на подрачјето на Новгородската област и административен центар на Холмскиот реон. Во градот се наоѓа и управата на блискиот Рдејски резерват на природата.

Грб на Холм

Според проценките на Националната статистичка служба за 2014 година во градот живееле само 3 633 жители.

Географија

уреди

Градот Холм се наоѓа на крајниот југ на Новгородската област, во преодното подрачје од Валдајските ридови на југ до Прииљмењска низина на север. Лежи на надморска височина од 65 m, на местото каде што нејзината притока Куња се влева во реката Ловат (двете припаѓаат на басенот на езерото Иљмењ ). Сместен е на околу 201 км јужно од административниот центар на регионот Велики Новгород.

Градот е поврзан по пат со Стараја Руса (R51), Великије Луки (R51) и со Марјово и Демјанск.

Историја

уреди
 
Холм 21 март 1942 година

Холм се развил на многу поволно место на левиот брег на реката Ловат, низ која од најраните времиња минувале најважните варјашки трговски патишта до Византија. Првите пишани информации за населбата датираат од 1144 година каде што се спомнува одморалиштето Холмска погост ( руски: Холмский погост) во која се одвивала интензивна трговска активност со лен, садови, коњска опрема. Поради своето големо значење, населбата била мета на чести напади и опсади од страна на литванските, полските и шведските кнезови и армии низ целиот среден век.

Населбата Холм во 1777 година добила официјален статус на град во рамките на Псковската губернерија на Руската Империја, а во исто време му беше доделен статус на окружен центар. На крајот на XIX век, Холм се сметал за еден од најважните занаетчиски центри во тој дел од земјата, а имало особено бројни работилници во кои биле изградени помали речни бродови и разни помали речни пловни објекти. Во 1927 година станал административен центар на Холмскиот реон.

За време на Втората светска војна, градот и неговата околина доживеале страшно уништување и тој бил под окупација на трупите на Вермахт од 3 август 1941 година до 21 февруари 1944 година. За време на војната, градот бил уништен до неговите темели и неговото старо значење никогаш не било обновено.

Население

уреди

Според податоците од пописот во 2010 година градот во живеат 3 829 жители, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2014 година градот имал 3 633 жители.

Движење на бројот на жителите
1897 година 1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2014 година
5 894 6 071 2 977 3 827 4 435 4 849 4 325 3 829 3 633

Поврзано

уреди

Користена литература

уреди

Надворешни врски

уреди