Хипоксантин
Хипоксантинот е природен пурински дериват. Повремено се наоѓа како составен дел на нуклеинските киселини, каде што е присутен во антикодонот на тРНК во форма на неговиот нуклеозид инозин. Тој има тавтомер кој е познат како 6-хидроксипурин. Хипоксантинот е неопходен додаток во одредени култури на клетки, бактерии и паразити, како подлога и извор на азот. На пример, тој е неопходен супстрат во култури на паразитот на маларија, бидејќи Plasmodium falciparum бара извор на хипоксантин за синтеза на нуклеински киселини и за енергетски метаболизам.[1]
Назив според МСЧПХ 1H-пурин-6(9H)-он | |
Назнаки | |
---|---|
68-94-0 | |
ChEBI | CHEBI:17368 |
ChEMBL | ChEMBL1427 |
ChemSpider | 768 |
| |
IUPHAR/BPS
|
4555 |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
KEGG | C00262 |
MeSH | Hypoxanthine |
PubChem | 790 |
| |
UNII | 2TN51YD919 |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Во август 2011 година, НАСА објавила дека хипоксантин и сродни органски молекули, вклучувајќи ги и основните азотни бази на ДНК и РНК, аденин и гванин, се откриени во метеорити пронајдени на Земјата, што укажува на тоа дека тие може да се синтетизираат во вселената.[2][3][4]
Реакции
уредиХипоксантинот е еден од производите на дејството на ксантин оксидазата на ксантин. Сепак, почесто во процесите на деградација на пурините, ксантинот се формира со оксидација на хипоксантинот под дејство на ензимот ксантин оксидоредуктаза.
Хипоксантин-гванин фосфорибозилтрансферазата го претвора хипоксантинот во инозин монофосфат (IMP) во патот на нуклеотидното спасување (селвиџ патот).
Хипоксантинот е, исто така, производ на спонтана деаминација на аденинот. Поради неговата сличност со гванинот, спонтаната деаминација на аденинот може да доведе до грешка во транскрипцијата / репликацијата на ДНК, бидејќи хипоксантинот има способност водородно да се врзува со цитозин.
Наводи
уреди- ↑ Brockman, A.; Price, R. N.; van Vugt, M.; Heppner, D. G.; Walsh, D.; Sookto, P.; Wimonwattrawatee, T.; Looareesuwan, S.; White, N. J. (2000-9). „Plasmodium falciparum antimalarial drug susceptibility on the north-western border of Thailand during five years of extensive use of artesunate-mefloquine“. Transactions of the Royal Society of Tropical Medicine and Hygiene. 94 (5): 537–544. ISSN 0035-9203. PMC 4340572. PMID 11132385. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: PMC-формат (link) - ↑ Callahan, Michael P.; Smith, Karen E.; Cleaves, H. James; Ruzicka, Josef; Stern, Jennifer C.; Glavin, Daniel P.; House, Christopher H.; Dworkin, Jason P. (2011-08-23). „Carbonaceous meteorites contain a wide range of extraterrestrial nucleobases“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 108 (34): 13995–13998. doi:10.1073/pnas.1106493108. ISSN 1091-6490. PMC 3161613. PMID 21836052.CS1-одржување: PMC-формат (link)
- ↑ „NASA - NASA Researchers: DNA Building Blocks Can Be Made in Space“. www.nasa.gov (англиски). Архивирано од изворникот на 2015-06-23. Посетено на 2018-07-06.
- ↑ „DNA building blocks can be made in space, NASA evidence suggests“. ScienceDaily (англиски). Посетено на 2018-07-06.