Final Fantasy XIII

видеоигра од 2009 година

Final Fantasy XIII (јапонски: ファイナルファンタジーXIII) е идна игра со играње улоги за конзола создадена и издадена од Square Enix ексклузивно за PlayStation 3, Xbox 360, и Microsoft Windows како дел од серијата на видеоигри Final Fantasy. Во првото појавување на E3, во играта е прикажан футуристички, хај-тек свет. Само два ликови се претставени до сега: жена, со кодно име "Молња" (Lightning), која користи оружје кое функционира како меч и како пушка; и неименуван маж кој е нејзин сојузник.

Final Fantasy XIII
Изработувач(и) Square Enix
Издавач(и) Square Enix
Дизајнер(и) Јошинори Китасе
Мотому Торијама
Казушинге Ноџима
Серијал Final Fantasy
Fabula Nova Crystallis Final Fantasy XIII
Погон Crystal Tools
Подлоги PlayStation 3
Xbox 360
Microsoft Windows
Датум на издавање Јапонија
17 декември 2009[1]
Северна Америка
Европа
Австралија
9 март 2010[2][3][4]
Жанр(ови) Role-playing game
Режим(и) Еден играч
Рејтинзи CERO: B
ESRB: T[5]
OFLC: M[6]
PEGI: 16
USK: 12
Медиум Блуреј
ДВД
Начин на
контролирање
Џојстик

Директорот на Final Fantasy X-2, Мотому Торијама (Motomu Toriyama) се враќа како директор на играта. Според претседателот на "Сквер Еникс" Јоичи Вада (Yōichi Wada), приказната е фокусирана на "оние кои му се спротивставуваат на светот". Final Fantasy XIII и другите игри од колекцијата Fabula Nova Crystallis: Final Fantasy XIII заземаат место во истиот универзум, но не се директно поврзани помеѓу себе.

Игра

уреди
 
Борба во Final Fantasy XIII

Борбен Систем

уреди

Концептот на борбениот систем на Final Fantasy XIII ја поддржува стратегиската страна на "командниот влез" на битката додека во исто време вклучува возбуда во "брзо одечките" битки. Играта ќе биде во реално време, без случајни борби.

Како што е прикажано на трејлерот на E3 2006, борбите се водат преку мени. Командите се селектираат од котур на долната лева страна од екранот. Секоја команда има цена на АВБ (Активно Време за Борба) ATB (Active Time Battle), која ја намалува вредноста на ATB покажувачот на вредност (bar). Се верува дека покажувачот на вредност на ATB се полни со тек на време, како традиционалните ATB системи, но во Final Fantasy XIII може да се користат командите додека тој сѐ уште се полни.

Селектираните команди се сместени во ред на идните движења (над ATB покажувачот на вредност). Кога Молња ќе се бори, таа ќе ја користи секоја команда во вртење, со моменталната команда која ја користи кога ќе се прикаже во жолто. Командите можат да се менуваат за одредени ефекти. Околината исто така игра улога во борбите, како што е прикажано на трејлерот на E3 2006 кога Молња го погодува на војникот со светлина, наелектризирајќи го и зголемувајќи ја штетата.

Мапата се гледа на горниот лев агол на борбениот екран, каде гледаме само една слика, точките не се движат. Ова изгледа ќе биде сменето бидејќи со Final Fantasy XIII е отидено понапред во создавањето. Сините точки се сојузниците и црвените точки се непријателите. Точките емитираат кругови ако ликовите во тој момент се под влијание на борбите.

Горниот десен агол на борбениот екран прикажува мерач во кружна форма, кој го прикажува модот на Overclock. Кога е полн, Overclocking му овозможува на играчот да создаде ефект на забавено движење, скоро паузирајќи го времето за се друго освен за самиот играч. Кога е активиран Overclock, Рапидно се зголемуваат броевите прикажани внатре во кружниот мерач, покажувајќи го траењето на статусот на Overclock. Овој систем може да го замени традиционалниот "Limit Break" систем во претходните игри на серијата на Final Fantasy .

Повикување (Summoning) се враќа во Final Fantasy XIII. Повиканите се прикажани како делумно механички суштества, и тие можат да бидат сокриени и користени не само во борба, можат да се користат и надвор од самата игра. Шива е единствениот повикан којшто е откриен до сега.[7] When summoned, the Eidolon stay in battle while the characters accompanying the summoner leaves the party.[8][9] Во Final Fantasy XIII, таа зазема форма на пар сестри коишто можат да се претворат во мотор. На трејлерот на Џамп Феста 2006 се гледа русокос лик како го вози овој мотор.

Иако главниот фокус на Final Fantasy XIII е офлајн, "Сквер Еникс" се обидува да додаде специјални онлајн додатоци на играта. Директорот за борби на Final Fantasy X, Тоширо Цучида (Toshiro Tsuchida) се вратил како директор за борбени системи за играта. Екипата на Final Fantasy XIII ги реконструирале борбите како оние што се видени во Final Fantasy VII: Advent Children, и ги ставиле во играчка средина. Тоширо Цучида има намера да им даде на поединечните непријатели нивни лични навреди и позадински приказни.

Заплет

уреди

Подесување

уреди

Две локации се откриени за јавноста до сега; "Пулс" (Pulse) и "Кожурец" (Cocoon). Светот на Final Fantasy XIII се вика Пулс. Светот е полн со чудовишта, но друго ништо не е познато.

Кожурецот е создаден од Кристал како идеална средина за живеење на луѓето.[9] Тоа е рај за луѓето споредено со Пулс. Кожурецот е прекрасен град, којшто лебди на небото. Тој се брани со Кристал создавајќи Кристал на Кожурецот (Cocoon's Crystal), кој има многу напредни технологии. Кристалот создал многу работи за градот и за жителите, како што се машините кои ги користат.

Луѓето од Кожурецот сè што се наоѓа надвор од Кожурецот (светот на Пулс) го сметаат за опасност и се плашат од тоа. Оние кои биле под влијание на луѓето од Пулс (надворешните), се ставани во карантин од страна на "Светата Влада" на Кожурецот, и депортирани во Пулс. Затворениците прикажани на трејлерот на E3 2006 се депортираат.

Кристалите

уреди

Кристалите во Final Fantasy XIII имаат свесни мисли; тие се живи суштества. Тие можат да создаваат работи, и затоа луѓето од светот на Final Fantasy XIII' ги гледаат како богови. Знаеме само за два Кристали во светот на Final Fantasy XIII; Кристал на Кожурецот и Кристал на Пулс. Кристалот на Кожурецот го создал градот и се грижи за него. Се што е надвор од Кожурецот е контролирано од страна на Кристалот на Пулс. Не е познато дали има повеќе кристали.

Молња

уреди
 
Молња, прикажана на трејлерот на E3

Главниот лик на Final Fantasy XIII е млада жена со јагодесто-руса боја на косата. Таа го користи кодното име "Молња", (Lightning) за да го сокрие нејзиниот вистински идентитет, и покрај тоа што таа самата не го знае сопствениот идентитет. Таа е избрана од страна на Кристалот (ние не знаеме од кој Кристал), за мисија да го уништи лебдечкиот град Кожурец.

Двете жолти линии на левото рамо на Молња го симболизираат нејзиниот ранг и социјален статус. Нејзиното оружје, кое може да се менува помеѓу меч и пушка по потреба, има многу сличности со оружјето од Final Fantasy VIII. Молња може да ја користи гравитацијата како алат и оружје. Како што е прикажано на трејлерот на E3 2006, таа може да ја победи гравитацијата, често левитирајќи.[10] Кога е во овој транс, летаат искри околу нејзиното тело.

На дизајнерот на ликови Тетсуја Номура (Tetsuya Nomura) му е побарано да создаде "женска верзија на Клауд Страјф (Cloud Strife) од Final Fantasy VII", и е опишана како "не многу женствена".[11]

Неименуван Маж

уреди
 
Неименуван русокос маж прикажан на Џамп Феста конвенцијата.

Русокос маж кој носи марамче, вози мотор и поседува пушка (можно е да е снајпер). На трејлерот прикажан на "Џамп Феста 2006" (Jump Festa 2006), тој е прикажан како доаѓа да и помогне на Молња кога таа е против многубројни војници. Многу малку се знае за него.

Наводи

уреди
  1. Robinson, Andy (2009-09-08). „Final Fantasy XIII out December 17 in Japan“. Computer and Video Games. Посетено на 2009-09-08.
  2. Marfuggi, Antonio (9 март 2010). „FINAL FANTASY XIII – The Time Has Come“. Sony Computer Entertainment Europe. Посетено на 10 ноември 2009.
  3. Square Enix (5 ноември 2009). "FACE YOUR DESTINY ON MARCH 9, 2010 – FINAL FANTASY XIII LAUNCHES IN NORTH AMERICA". Соопштение за печат.  посет. 14 ноември 2009 г
  4. „Final Fantasy XIII: Aussie Date Announced“. IGN. 9 март 2010. Архивирано од изворникот на 2010-06-18. Посетено на 16 ноември 2009.
  5. „FINAL FANTASY XIII“. Посетено на 23 декември 2009.
  6. Ubisoft. „Classification Database - FINAL FANTASY XIII (M)“. Oflc.gov.au. Посетено на 2010-01-11.
  7. „Final Fantasy XIII Official Website“. Square Enix. 2009-11-04.
  8. „Final Fantasy XIII Preview“. IGN. 2009-06-02. Архивирано од изворникот на 2009-06-11. Посетено на 2009-07-16.
  9. 9,0 9,1 „Final Fantasy XIII - E3 2008: MS Press Conference Cam Trailer“. GameTrailers. 2008-07-14. Посетено на 2008-10-10.
  10. Orlando, Greg (2008-06-26). „Final Fantasy XIII“. GamePro. Архивирано од изворникот на 2008-10-08. Посетено на 2008-10-10.
  11. Smith, Luke (2006-06-07). „FFXIII Interview: Nomura, Kitase, Hashimoto and Toriyama“. 1UP.com. Посетено на 2007-03-30.

Надворешни врски

уреди