Јапет — трета најголем месечина на Сатурн, единаесетта по големина во Сончевиот Систем,[3] и најголемото небесно тело во Сончевиот Систем кое што не се наоѓа во хидростатичка рамнотежа. Неговата оддалеченост од Сатурн изнесува 3,56 милиони километри, неговиот пречник изнесува 1.436 километри, додека пак орбиталниот период на оваа месечина изнесува 79,32 Земјини денови.

Јапет
Iapetus
Јапетус
Фото мозаик на Јапет направен од слики на Касини, 31 декември 2004 година, на којшто се гледа темниот регион Касини и неговата граница со светлата страна (Ронсевалска земја), повеќе големи кратери (Фалсарон над центарот, Торџис, најголемиот кратер, десно) и екваторскиот гребен
Откривање
ОткривачЏовани Доменико Касини
Откриено25 октомври 1671 година
Ознаки
Сатурн VIII
Saturn VIII
Орбитални особености
3.560.820 км
Занесеност0,0286125
79,3215 д.
3.26 км/с[б 1]
Наклон
  • 17.28° (кон елипсата)
  • 15.47° (кон екваторот на Сатурн)[1]
Месечина наСатурн
Физички особености
Димензии1,492.0 × 1,492.0 × 1,424 км <
Среден полупречник
734,5 ± 2,8 км
6.700.000 км2
Маса(1,805635 ± 0,000375)⋅1021 кг
Средна густина
1,088 ± 0,013 г/см³
0,224 м/с²
0,573 км/с
79,3215 Земјини денови
нула
Албедо0,05–0,5[2]
Температура-183,15 до -143.15 °C
10,2–11,9

Повеќето внатрешни и големи месечини на Сатурн кружат во екваторската рамнина (исто така, рамнината на прстените). Јапет е исклучок, затоа што неговата орбита е закосена за 14,72 степени во однос на екваторската рамнина. Другите месечини имаат орбити со уште поголемо закосување, но тие се многу помали, надворешни месечини. Јапет е дваесеттата најоддалечена месечина од Сатурн и најоддалечена голема месечина на планетата.

Исто така, има синхронизирана ротација. Јапет го открил Џовани Касини додека работел во Париз на 25 октомври 1671 година. Тој забележал дека Јапет има природно темна предна полутопка и светла задна полутопка. Темната област е наречена Реџио Касини (италијански: Cassini Regio; македонски: Област Касини) и е покриена со материјал темен како јаглен, како контраст на ледената површина на светлата страна (француски: Roncevaux Terra; македонски: Ронсевалска земја). Иако сондата „Касини-Хајгенс“ открила поголем дел од површината, оштетена од кратери, потеклото на темниот материјал останува мистерија. Постоеле претпоставки дека материјалот избил од внатрешноста на месечината или дека е ејекта од ударите на уште подалечни месечини, како, на пример Фојба.

Екваторски гребен

уреди
 
Екваторскиот гребен

Единствената структура што ја открил „Касини-Хајгенс“ создала уште една загатка. Не е познато дали гребенот, со должина од 1.300 километри, ширина од 20 километри и висина од 13 километри (некои врвови достигнуваат и 20 километри) што се наоѓа речиси на екваторот на месечината, е свиткан планински појас или материјал што избил низ пукнатината на месечината.

Користена литература

уреди
  • Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.

Надворешни врски

уреди


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.

  1. Jacobson, R.A. (2009) SAT317 (2009-12-17). „Planetary Satellite Mean Orbital Parameters“. JPL/NASA. Посетено на 2011-01-15.
  2. Williams, David R. „Saturnian Satellite Fact Sheet“. NASA. Посетено на 2007-11-04.
  3. The moons more massive than Iapetus are: the Moon, the 4 Galilean moons (Ganymede, Callisto, Io, and Europa), Titan, Rhea, Titania, Oberon, and Triton. See JPLSSD.