Хајдер Умланд
Црковна парохиска општина Хајдер Умланд (германски: Kirchspielslandgemeinde Heider Umland) — општинска заедница во округот Дитмаршен, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу градот Хајде, кој претставува нејзино седиште, иако самиот град не е член на заедницата. Била создадена на 1 јануари 2008 година од поранешните општински заедници Црковната парохиска општина Хајде-Ланд и Црковната парохиска општина Ведингштет и општината Нордерверден.
Црковната парохиска општина Хајдер Умланд се состои од следниве општини:
- Хемингштет
- Лит
- Лое-Рикелсхоф
- Нојенкирхен
- Нордерверден
- Нордхаштет
- Острое
- Штеле-Витенвурт
- Ведингштет
- Веселн
- Верден
Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |