Хамелн-Пирмонт
Хамелн-Пирмонт (германски: Hameln-Pyrmont) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Шаумбург, Хановер, Хилдесхајм и Холцминден и сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија (округот Липе).
Хамелн-Пирмонт Landkreis Hameln-Pyrmont | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Хамелн | |
Површина | ||
• Вкупна | 796 км2 (307 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 150.640 | |
• Густина | 190/км2 (490/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | HM | |
Мреж. место | hameln-pyrmont.de |
Историја
уредиОкругот Хамелн бил основан во 1885 година во рамките на пруската покраина Хановер. Во тоа време градот Пирмонт бил дел од Кнежевството Валдек-Пирмонт. Во 1921 година, Пирмонт на референдум одлучил да го напушти Валдек-Пирмонт и да се приклучи на Прусија. Пруската администрација го ставила градот во округот Хамелн, поради што округот бил преименуван во Хамелн-Пирмонт.
Во 1923 година, Хамелн станал слободен окружен град и не бил дел од округот до 1973 година, кога повторно бил припоен. Поголеми проширувања на територијата на округот се случиле во 1974 и во 1977 година, кога градовите Бад Миндер и Хесиш Олдендорф станале дел од округот.
Географија
уредиОкругот се наоѓа во северниот дел на масивот Везерско Средногорје. Реката Везер влегува во округот од југ, тече низ Хамелн и излегува во северозападниот дел кај Ринтелн.
Грб
уредиЛавот е хералдичко животно на Грофовијата Еверштајн, кои ја владееле областа до 1429 година. Црвениот крст во рацето на лавот бил симбол на Пирмонт.
Градови и општини
уредиГрадови | Слободни општини |
---|---|
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Хамелн-Пирмонт на Ризницата ?
- Матична страница (германски)