Хесиш Олдендорф (германски: Hessisch Oldendorf; нарекуван и „Хесенски Олдендорф“) — град во округот Хамелн-Пирмонт, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Везер, околу 10 километри северозападно од Хамелн. Придавката „хесиш“ („хесенски“) се користи од 1905 година, за да го разликува од другите градови именувани Олдендорф. Хесиш Олдендорф бил дел од Ландгрофовијата Хесен-Касел од 1640 до 1932 година.

Хесиш Олдендорф
Црква во Хесиш Олдендорф
Црква во Хесиш Олдендорф
Црква во Хесиш Олдендорф
Грб на Хесиш Олдендорф
Хесиш Олдендорф во рамките на Германија
Хесиш Олдендорф
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хамелн-Пирмонт
Градоначалник Харалд Кригер (СДП)
Основни податоци
Површина 120,39 км2
Надм. височина 62 м
Население 18.458 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 153 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HM
Пошт. бр. 31840 31833
Повик. бр. 05152
Портал www.hessisch-oldendorf.de
Местоположба на градот Хесиш Олдендорф во рамките на округот Хамелн-Пирмонт
Карта
Карта
Координати 52°10′0″N 9°15′0″E / 52.16667° СГШ; 9.25000° ИГД / 52.16667; 9.25000

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Хесиш Олдендорф се наоѓа 13 километри северозападно од градот Хамелн на Везер. Низ градот покрај велосипедската патека покрај Везер поминува и „германскиот пат на бајките“.

Градски единици

уреди

По општинската реформа во 1973 година, Хесиш Олдендорф е составен од осум единици со вкупно 24 месности:

  • Хесиш Олдендорф
  • Гросенвиден (Гросенвидед и Клајненвиден)
  • Родентал (Роден, Зегелхорст и Велзеде)
  • Хоенштајн (Баркзен, Крикеберг, Лангенфелд, Викболзен и Церзен)
  • Зинтел (Бензен, Хадесен, Хефинген и Пецен)
  • Фишбек (Фишбек, Штифт Фишбек и Вајбек)
  • Зонентал (Фридриксбург, Фридриксхаген, Фулен, Хеслинген и Румбек)
  • Хериминген/Лахем (Херинген и Лахем)

Припојувања

уреди

На 29 јануари 1973 година биле припоени поранешните општини Фишбек (Везер) и Хемеринген.

Историја

уреди

Хроника

уреди
  • Основањето на градот најверојатно било во втората половина на XIII век.
  • Во 1407 година била основана гимназија.[2]
  • До 1500 година прераснал во град со околу 1.300 жители.
  • Во 1552 година во Грофовијата Шаумбург, а со тоа и Олдендорф, пристигнала реформацијата.
  • Во периодот 1558–1581 во Олдендорф имало лов на вештерки: две жени и еден маж биле запалени.[3]
  • Со смртта на последниот гроф во 1640 година, Олдендорф заедно со Ринтелн станал ексклава на Ландгрофовијата Хесен-Касел.
  • Во периодот 1807–1813 Олдендорф припаѓал на наполеонското Кралство Вестфалија.
  • Во 1866 година, градот станал дел од пруската покраина Хесен-Насау.
  • Во 1932 преминал во покраината Хановер.
  • Со укинувањето на округот Грофовија Шаумбург и основањето на округот Шаумбург, градот преминал во округот Хамелн-Пирмонт.

Меѓународни односи

уреди

Збратимени градови

уреди

Хесиш Олдендорф е збратимен со следниве градови:

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Gerhard Schormann: Academia Ernestina. Die schaumburger Universität zu Rinteln an der Weser (1610–1810). N.G. Elwert Verlag, Marburg 1982, S. 111f
  3. Gerhard Schormann: Hexenverfolgung in Schaumburg, in: Niedersächsisches Jahrbuch für Landesgeschichte, Band 45, Hildesheim 1973, S. 149–151.

Надворешни врски

уреди