Халберштат (округ)
Халберштат бил округ (Kreis) во средниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) Бердекрајс, Кведлинбург, Вернигероде, Гослар, Волфенбител, Хелмштет.
Халберштат | |
---|---|
округ | |
![]() | |
Земја | ![]() |
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Укинат | 2007-07-01 |
Седиште | Халберштат |
Површина | |
• Вкупна | 664,99 км2 (256,75 ми2) |
Население (2002) | |
• Вкупно | 77,876 |
• Густина | 120/км2 (300/ми2) |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | HBS |
Мреж. место | landkreis.halberstadt.de |
ИсторијаУреди
Областа околу Халберштат била верско кнежевство, кое се појавило со создавањето на бискупијата Халберштат во 804 и постоело до Триесетгодишната војна. Во 1648, тоа било секуларизирано и станало дел од Бранденбург-Прусија како Кнежевство Халберштат. Во текот на Наполеоновите војни станало дел од француско контролираното Кралство Вестфалија, каде Халберштат бил главен град на департманот Зале. Во 1815 се вратило назад во Кралството Прусија и во 1816 станало дел од Административниот округ Магдебург во рамките на новоформираната пруска Провинција Саксонија. Истовремено, округот (Landkreis) Халберштат бил основан. Во 1825, тој бил споен со округот Остервик.
На 1 јули 2007, округот бил споен со окрузите Кведлинбург и Вернигероде, за да го основаат новиот округ Харц.
ГеографијаУреди
Округот се наоѓа на северниот дел од планините Харц.
ГрбУреди
Грбот е истиот, кој историски бил користен во кнежевството и во бискупијата Халберштат. |
Градови и општиниУреди
Градови | Заедница на општини | Слободни општини |
---|---|---|
|
Надворешни врскиУреди
- Службена страница Архивирано на 24 мај 2003 г. (германски)