Берде (поранешен округ)

(Пренасочено од Бердекрајс)

Бердекрајс (германски: Bördekreis) — поранешен округ во Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север во правец на стрелките на часовникот) Оре, слободниот округ Магдебург, Шенебек, Ашерслебен-Штасфурт, Кведлинбург, Халберштат и округот Хелмштет во Долна Саксонија.

Берде
Bördekreis

округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
Укинат2007-07-01
СедиштеОшерслебен
Површина
 • Вкупна872 км2 (337 ми2)
Население (2002)
 • Вкупно78,662
 • Густина90/км2 (230/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.
Мреж. местоhttp://www.boerdekreis.de

Историја

уреди

Округот бил создаден во 1994, кога двата окрузи Ошерслебен и Ванцлебен се споиле. Двата претходни окрузи биле создадени во 1816, во време на Прусија и настанале само мали промени низ времето до моментот на нивното спојување во новиот округ.

Географија

уреди

Округот го има името од областа во која се наоѓа, Магдебургер Берде. Поради плодната почва развиено е земјоделството.

Највисоката точка е Хајдберг (211 м), источно од Зомерсдорф. Постојат неколку мали реки во округот, најпознатата е Алер.

  Грбот ги покажува двата симбола за земјоделската историја на округот, срп и пченица. Кривата линија ги симболизира многуте мали реки во округот.

Градови и општини

уреди
Општински заедници Слободни општини
  1. Берде Ванцлебен (вкл. ги градовите Зехаузен и Ванцлебен)
  2. Обере Алер
  3. Ошерслебен (вкл. ги градовите Хадмерслебен и Ошерслебен)
  4. Вестлихе Берде (вкл. ги градовите Гренинген и Кропенштет)
  1. Зилцетал

Надворешни врски

уреди