Хазнатар
Хазнатар (грчки: Χρυσοχώραφα, Хрисохорафа; до 1926 г. Χαζνατάρ, Хазнатар[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и нешто Роми.[3]
Хазнатар Χρυσοχώραφα | |
---|---|
Координати: 41°10.51′N 23°14.8′E / 41.17517° СГШ; 23.2467° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Долна Џумаја |
Надм. вис. | 30 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 841 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во Серкото Поле северозападно од град Сер и западно од Долна Џумаја. Лежи близу источниот брег на Бутковското Езеро.
Историја
уредиВо Отоманскосто Царство
уредиВо XIX век Хазнатар бил мал чифлик во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хазнатар (Haznatar) било село со 15 домаќинства сочинети од 46 Македонци.[4][5] Во селото работела грчката пропаганда.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Хазнатар-маала, чифлик на една серска беговска куќа; на И од Борсук 1⁄2 час. Црква „Св. Богородица“; се служи на грчки. 50 македонски куќи[6] и 10 ромски. Училиште грчко со 30 ученици.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 560 жители, од кои 500 Македонци христијани и 60 Роми.[4][8]
По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Хазнатар се состоело од 280 жители Македонци, сите под Егзархијата.[4] Во селото работело бугарско основно училиште.[10]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 306 жители.[3] По Првата светска војна голем дел од населението се иселил во Пиринска Македонија — претежно во Петрич и околината. Хазнатар отсуствува од пописот во 1920 г. веројатно бидејќи тогаш бил напуштен[3] Во 1920-тите во селото се доселени Гагаузи од Источна Тракија.[11] На пописот од 1928 г. Хазнатар се води со 606 жители,[3] од кои 571 лице (145 семејства) биле доселеници, а остатокот мештани.[12]
Во 1926 г. селото е преименувано во Хрисохорафа.[13] Во 1935 г. по извршените мелиорации во Хазнатар биле сместени уште колонистички семејства,[3] како и жителите на македонското село Али Паша
Во 1950-тите еден дел од жителите се иселиле во САД. Поголемиот дел од нив се сместиле во предградие на Бостон и одржувале врски со Хазнатар.[14]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Али паша[15] | Άλή Πασά | Тригонометрико | Τριγωνομετρικό[16] | возвишение на И од Хазнатар (31,8 м)[15] |
Али-паша Орман[15] | Άλή Πασά Όρμάν | Амудиес | Αμμουδιές[16] | месност на З од Хазнатар, на брегот на Бутковското Езеро[15] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.315 | 1.894 | 2.222 | 1.729 | 1.533 | 1.454 | 1.347 | 1.023 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Георги Хазнатарски (Гогата Хазнатарски) (1877-1941) — револуционер, војвода на ВМРО
- Мите Казаков — револуционер, деец на ВМОРО, починал по 1918 г.[17]
- Преподобна Стојна (1883 – 1933) — јасновитка
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 267. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 849.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
- ↑ Булгар, Степан С. Гагаузы в Греции, - в: Гагаузы в мире и мир гагаузов, Том I, Гагаузы в мире, Комрат-Кишинёв, 2012, с. 423, 426.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Булгар, Степан С. Гагаузы в Греции, - в: Гагаузы в мире и мир гагаузов, Том I, Гагаузы в мире, Комрат-Кишинёв, 2012, с. 426.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 16,0 16,1 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1043. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.