Фустан е парче облекување, кој обично го носат жените и девојчињата. Должината на фустанот варира во зависност од модата и приликата. Може да биде долг до под или кратка над колена. Изгледот на фустанот се менувал во текот на историјата.[1] Постојат многу различни форми на фустани.[2]

Марија Антоанета во балски фустан

Историја

уреди

Старите Римјани носеле долен фустан, туника и горен фустан, тога. Со текот на времето фустаните станале посложени и пораскошни. Во градовите модните промени биле почести, додека на село луѓето носеле народна носија. Постоеле фустани за секојдневно носење и фустани за свечени прилики, кои биле пораскошни. Во минатото главни материјали за изработка на фустани биле: лен, коноп, памук,волна и свила. Сè до модерното време се носеле исклучитело долги фустани, оние до под или долги до зглобот . Исто така сè до околу 1800 година жените не носеле панталони, туку носеле фустани и здолништа. За време на барокот, се носеле отмени фустани со кринолин и корсети. Во поново време се појавиле нови материјали за изработка на фустани, нови форми и кроеви на фустани.

Видови на фустани

уреди
  • Венчален фустан или венчаница е долг, обично бел фустан кој го облекува невестата за венчавка.
  • Мал црн фустан е краток, непретенциозен вечерен или коктел фустан, кој го лансирала модниот творец Коко Шанел.
  • Матурски фустан е свечан фустан, кој девојките го облекуваат за матура.
  • Коктел фустан е фустан предвиден за неформални прилики како на пример забава.
  • Фустан за бал се носи за посебно свечани прилики како на пример балови.
  • Вечерен фустан за вечерни и ноќни излегувања.
  • Бизнис фустан се облекува за деловни и службени прилики.
  • Летен фустан е неформален, лесен фустан кој се носи преку лето.
  • Редовнички фустан или хабит кој го носат редовниците и редовничките.

Фустанот како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Davis, Michael (2007). Art of dress designing (1. изд.). Delhi: Global Media. ISBN 81-904575-7-8.
  2. Condra, Jill. The Greenwood Encyclopedia of Clothing Through World History: 1801 to the present (англиски). Greenwood Publishing Group. стр. 59. ISBN 9780313336652.
  3. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 383-384.
  4. DISCOGS, P J Harvey* ‎– Dry (пристапено на 2.12.2019)
  5. Discogs, Maria McKee – Life Is Sweet (пристапено на 3.3.2023)

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди