Здолниште
Здолниште — долен дел од облеката кој денес најчесто го носат жените. Здолништата имаат конусен облик, се носат околу струкот и покриваат дел или цели нозе. Здолништата најверојатно се користеле уште од праисторијата кога облеката не се разликувала меѓу мажите и жените. Познати се машките здолништа, килтови, кои се носат во Шкотска и Ирска.
Поделба на здолништата по должина
уредиНиз историјата здолништата најчесто биле долги за што ни сведочат слики, книги и фотографии, сè додека не дошол XX век кој донел револуција во нашето поимање за должината на здолништата и фустаните.
Долго здолниште е она кое достига до подот или скоро до подот
Здолниште до глуждовите или „макси“ — поим кој настанал во 1960-тите години
Здолниште до средината на листот или „миди“, поим кој настанал во 1970-тите години
Мини е здолниште со раб над колена и под средината на бедрото, изумот често ѝ се припишува на велшкиот моден творец Мери Квант.
Микроздолништето е екстремно кратко мини здолниште, од шорцот се разликува по тоа што здолништето по средината нема спој.