Фунта (единица)

(Пренасочено од Фунта (тежина))

Фунта (од лат. pondus = „тежина, товар, тег“;[1] крат. lb или , од libra = „вага“) — мерна единица за маса што денес се користи во империјалниот (британски) и американскиот систем, а во минатото во голем дел од Европа. Денес е најзастапена фунтата „авоардипоа“, законски еднаква на 0,45359237 килограми Во Македонија оваа мерка има многувековна историја и е позната како „литра“.

Знак за мерката фунта, со потекло од кратенката lb (℔)
Симболот на британската фунта, исто така изведен од кратенката „lb“

Единицата води потекло од римскаталибра“ (libra = „терезија“), од каде доаѓа и кратенката „lb“. Зборот послужил како основа за поимите како „ливра“ и „литра“, кои се пандани на единицата во други јазици и периоди. Зборот „фунта“ пак, доаѓа од поимот „понд“ во германските јазици (англ. pound, герм., сканд. pund), изведен од латинскиот израз libra pondo („либра тежина“).[2]

Во денешно време овој поим за маса е уточнет како „фунта-маса“, за да се разликува од мерката „фунта-сила“ во физиката.

Тековна употреба

уреди

Во САД и земјите од Комонвелтот важи меѓународната фунта, утврдена во 1959 г. како точно 0,45359237 кг.[3][4]

Фунтата „авоардипоа“ е еднаква на 16 унци од истиот систем, или точно 7.000 грана (со тоа, меѓународфниот гран е еднаков на 64,79891 милиграма).

Употреба во минатото

уреди
 
Нагледен експонат на тауерската фунта

Во минатото фунтата (или либра) се употребувала во многу земји, во разни периоди и за најразлични намени.

Римска либра

уреди

Римската либра била еднаква на 328,9 грама[5][6][7] и се делела на 12 унции (uncia). Кратенката за фунта „lb“ доаѓа од римската либра.

Византиска литра

уреди

Во Византија се користела истоветната мерка „литра“, од која начеста била „сметковната литра“ или „трговска (морепловна) литра“ воведена од царот Константин Велики во 309/310 г. Претставувала основа за византискиот паричен систем и затоа се нарекувала и „златна литра“. Една литра злато била еднаква на 72 солиди. Сто литри се нарекувале „кентарион“ (стотник). Постоеле и други литри за мерење на разни суровини.

Македонска литра

уреди

Македонската литра е воведена за време на византиското владеење, но со време меѓу народот добила на свои значења и примени. Се користела за изразување на тежината на златото, среброто и маслото, а некаде и за восок и сирење. Дечанската грамота од 1330 г. вели дека со лита се мерел и лебот што им се давал на калуѓерите.

Од XV век натаму, македонската литра се поведувала по оката (~ 1,5 л), при што една ока имала 4 литри, што значи дека во ова време македонската литра изнесувала околу 370 гр. Литрата пак, се делела на 100 драма.[8]

Британија

уреди
 
Разни стари фунти во германски учебник од 1848 г.

Во минатото, во Британија се користеле повеќе различни фунти. Покрај фунтата „авоардипоа“, во минатото се користеле варијантите како „тауерска“, „трговска“, „лондонска“, „тројска“ и други фунти.[9] Сите тие денес се вон употреба, освен тројската фунта (и унца), за изразување на тежината на скапоцени метали.

Паричната единица фунта стерлинг („чиста фунта“) води потекло од тауерската фунта (од лондонскиот замок „Тауер“) за изразување на количина на сребро. Во 1528 г. стандардот е сменет со тројска фунта.

Авоардипоа и тројска

уреди

Фунтата авоардипоа (фр. avoirdupois) или „волнена фунта“ нашла општа примена околу 1300 г. Најпрвин била еднаква на 6992 тројски грана и се делела на 16 унци. Во времето на кралицата Елизабета I, фунтата била определена како 7.000 тројски грана, и со тоа гранот (grain) станал составен дел од тројскиот систем. Во 1758 г. сè уште постоеле две мерки за фунта „авоардипоа“, едната од 7.002, а другата од 6.999 грана.[10][11]

Во 1963, фунтата е утврдена со указ како еквивалент на 0,45359237 кг за да одговара на стандардот за меѓународната фунта донесен во 1959 г. Согласно оваа определба, тројската фунта има 12 тојски унци и 5760 грана, односно точно 373,2417216 грама.[12]

Тројските мерки (Troy weight) веројатно водат потекло од францускиот пазарен град Троа (Troyes), кајшто британските морепловци тргувале уште од IX век век.[5]

Шкотска фунта

уреди

Фунтата во Шкотска се нарекувала „тронска фунта“ (trone pound) и била истомерна на некаде помеѓу 21 и 28 унци „авоардипоа“ (~ 600-800 гр).

Џерсиска фунта

уреди

Џерсиската фунта се користела на островот Џерси од XIV до XIX век. Изнесувала околу 7.561 грана (490 гр).[13]

Француска ливра

уреди

Во средниот век, во Франција се користеле различни фунти наречени „ливри“ (livre).

  • „Чиста ливра“ (livre esterlin) - еднаква на 367,1 гр, се користела од крајот на IX до средината на XIV век.[14]
  • „париска ливра“ (livre poids de marc, livre de Paris) - изнесувала 489,5 гр. и се употребувала од средината на XIV до крајот на XVIII век.[14] Воведена во времето на Јован II Добриот.
  • „метричка ливра“ (livre métrique) - еднаква на килограмот, во употреба од 1800 до 1812 г.[14]
  • „обичајна ливра“ (livre usuelle) - определена со указ во 1812 г. како истоветна на 500 гр. Престанала да се користи како тежинска единица во 1840 г.[14]

Германски и австриски фунти

уреди

Во средниот век постоеле разни облици на фунтата (pfund) во разни германски области и држави. Во 1761 г. австриската царица Марија Терезија извршила реформа на мерките.[15] Оваа фунта била мошне тешка, па затоа подоцна претрпела измени, и станала 560,012 гр. Истиот стандард бил усвоен во Баварија (1809/1811). Во Прусија изнесувала 467,711 гр., воведена со реформата во 1816 г.

Областите западно од реката Рајна користеле фунта од 500 гр, која ја задржале од периодот на француско владеење (1803-1815).

Руска фунта

уреди

Оваа фунта (фунт) била еднаква на 409,51718 гр.[16] Во 1899 г. станала основна мерка за тежина, според која биле осмислени останатите единици.

Скандинавска фунта

уреди

Скандинавската фунта (skålpund): различна во различни краишта. Од XVII век до крајот на XIX и почетокот на XX век, со воведувањето на метричкиот систем во земјите од регионот. Ги имала следниве тежински вредности:

Во повеќе западноевропски земји, во подоцнежниот дел на XIX век фунтата е дозначена како 500 гр.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „фунта“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Oxford English Dictionary, s.v. 'pound'
  3. United States. National Bureau of Standards (1959). Research Highlights of the National Bureau of Standards. U.S. Department of Commerce, National Bureau of Standards. стр. 13. Посетено на 12 јули 2012.
  4. National Bureau of Standards, Appendix 8 Архивирано на 18 јануари 2009 г.; National Physical Laboratory, P H Bigg et al. : Re-determination of the values of the imperial standard pound and of its parliamentary copies in terms of the international kilogramme during the years 1960 and 1961; Sizes.com: pound avoirdupois.
  5. 5,0 5,1 Zupko, Ronald Edward (1977). British weights & measures: a history from antiquity to the seventeenth century. University of Wisconsin Press. стр. 7. Посетено на 27 ноември 2011.
  6. Frederick George Skinner (1967). Weights and measures: their ancient origins and their development in Great Britain up to A.D. 1855. H.M.S.O. стр. 65. Посетено на 27 November 2011.
  7. Chambers's encyclopaedia. 14. Pergamon Press. 1967. стр. 476. Посетено на 27 November 2011.
  8. Стопанска, трудова дејност: Мерки - Александар Мешков на порталот „Крале Марко“ (македонски)
  9. Grains and drams, ounces and pounds, stones and tons. Personal notes.
  10. Skinner, F.G. (1952). „The English Yard and Pound Weight“. Bulletin of the British Society for the History of Science. 1 (7): 184–6. doi:10.1017/S0950563600000646.
  11. United States. National Bureau of Standards (1962). weights and measures. Taylor & Francis. стр. 22–24. GGKEY:4KXNZ63BNUF. Посетено на 26 December 2011.
  12. United States National Bureau of Standards. „Appendix C of NIST Handbook 44, Specifications, Tolerances, and Other Technical Requirements for Weighing and Measuring Devices, General Tables of Units of Measurement“ (PDF). стр. C-14.
  13. Sizes, Inc (2003-07-28). „Jersey pound“. Посетено на 2006-08-12.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 Sizes, Inc (16 март 2001). „Pre-metric French units of mass livre and smaller“. Посетено на 12 avgust 2006. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  15. Hille, K.C. (1831). „Medicinal-Gewicht“. Magazin für Pharmacie und die dahin einschlagenden Wissenschaften. Heidelberg: . 268.
  16. Cardarelli, F. (2004). Encyclopaedia of Scientific Units, Weights and Measures: Their SI Equivalences and Origins (2. изд.). Springer. стр. 122. ISBN 1-85233-682-X.

Надворешни врски

уреди