Фризигерманска етничка група населена на крајбрежните делови на Холандија и Германија.[1] Главно се наоѓаат во холандските покраини Фризија и Гронинген, а во Германија, Источна Фризија и Северна Фризија, која била дел од Данска до 1864 година.[2] Ја населуваат областа позната како Фризија. Фризиските јазици се сè уште говорени од 500.000 говорници; дијалекти на фризискиот јазик се признаени како службени јазици во Холандија и Германија.

Фризи
Вкупен број
1.500.000 (проценка)
Подрачја со значајно население
Фризија (со делови во Холандија и Германија)
Јазици
фризиски, холандски, германски, долносаксонски
Вероисповед
првично паганство,
подоцна средновековно христијанство

денес протестантство, главно:калвинисти и лутеранци; католички малцинства, главно во дијаспората; исто така слободни цркви и нерелигиозни групи.
Сродни народи
Африканери, Холанѓани, Англичани, Фламанци, Германци

Јазик

уреди

Како Англосаксонците од Англија и раните Фризи биле создадени од главно слични племенски заедници, поради што нивните соодветни јазици се многу слични. Старофризискиот јазик е најблизок јазик на староанглискиот јазик[3] и современите фризиски дијалекти се најблиски јазици на современиот англиски јазик.

Самата група на фризискиот јазик е поделена на три заеднички неразбирливи меѓу себе јазици:

Од овие три јазици, затерландски фризиски (2.000 говорници) и севернофризиски (10.000 говорници)[4] се загрозени јазици. Западнофризискиот јазик е говорен од околу 354.000 говорници и не е загрозен.[5]

Идентитет

уреди

Денес постои тројна поделба на Фризи, на Севернифризи, Источнифризи и Западнифризи, предизвикана од постојана загуба на територија на Фризија во текот на средниот век. Западните Фризи не се сметаат како дел од поголемата група на Фризи и според пописот од 1970 година, тие повеќе се одредуваат како Холанѓани отколку Фризи.[6] Така, терминот фризиски, кога се применува на говорниците на трите фризиски јазици, е јазичен и донекаде културен, но не и политички.

Културно, современите Западнифризи и Холанѓаните се слични; главната и најважната разлика е тоа дека Западните Фризи говорат западнофризиски јазик, еден од трите фризиски јазици, заедно со холандскиот јазик. Поради вековниот соживот и активното учество во холандското општество, како и нивната двојазичност, овие Фризи не се сметаат како одвоена група во холандската официјална статистика.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Минахан, Џејмс (2000). Една Европа, многу народи: историски речник на европските национални групи. Greenwood Publishing Group. стр. 769. ISBN 0313309841. Посетено на 25 мај 2013.
  2. „Interfriesischer Rat / Ynterfryske Rie“. Архивирано од изворникот на 2010-06-05. Посетено на 2014-11-29.
  3. Кортлант, Фредерик (1999). „Потеклото на староанглиските дијалекти обновено“ (PDF). Лејденски универзитет.
  4. „Die friesische Volksgruppe in Schleswig-Holstein“ (германски). Ландтаг на Шлезвиг-Холштајн. Архивирано од изворникот на 2011-10-04. Посетено на 4 август 2011.
  5. Matras, Yaron. „Фризиски (север)“. Archive of Endagered and Smaller Languages. Манчестерски универзитет.
  6. Tamminga, Douwe A. (1970). Friesland, feit en onfeit [Frisia, 'Facts and Fiction'] (холандски). Leeuwarden: Junior Kamer Friesland.

Надворешни врски

уреди