Фрајберг
За југозападниот германски град во покраината Баден-Виртемберг, видете Фрајбург.
Фрајберг
Freiberg | |
Градското собрание на Фрајберг | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Средна Саксонија |
Градски единици | 12 |
Градоначалник | Бернд-Ервин Шрам (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 48,05 км2 |
Надм. височина | 400 м |
Население | 40.485 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 843 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | FG |
Пошт. бр. | 09599 |
Повик. бр. | 03731 |
Портал | www.freiberg.de |
Местоположба на градот Фрајберг во рамките на округот Средна Саксонија | |
Координати | 50°54′43″N 13°20′34″E / 50.91194° СГШ; 13.34278° ИГД |
Фрајберг (германски: Freiberg; буквално слободна планина) — град во сојузната покраина Саксонија, Германија. Градот претставува административен центар на округот Средна Саксонија.
Историја
уредиГрадот бил основан во 1186 година и со векови бил центар на рударската индустрија во Рудните Планини. Симболот на таа историја е Универзитетот за рударство и технологија Фрајберг, често нарекуван само како Рударска академија (Bergakademie), основан во 1765 година и е најстариот универзитет за рударство и металургија во светот. Фрајберг исто така ја има познатата катедрала, која ги содржи двете познати оргули на Готфрид Зилберман. Постојат уште две други оргули направени од Готфрид Зилберман - едните во црквата Свети Петар (Petrikirche) а другите во црквата Свети Јаков (Jacobikirche). Средновековниот дел на Фрајберг се наоѓа под заштита.
Реката Фрајбергер Мулде поминува низ територијата на градот, но не и низ самиот град.
Во 1944 година, надвор во градот бил изграден подкамп на концентрациониот камп Флосенбирг. Во него биле сместени 500 женски затворенички од други кампови. Кампот функционирал сè до неговата евакуација во април 1945.
Во 1985 година, Мормоните изградиле нивен храм во Фрајберг, поради големиот број на членови во овој регион. Храмот ги опслужува Мормоните од целата Источна Германија и поголем дел од Источна Европа.
Редовни настани
уредиСекоја во Фрајберг се одржува Градскиот рударски фестивал (Bergstadtfest) во последната недела во јуни со поворка на историските еснафски здруженија на рударите и леарите, т.н. Рударска парада. Божиќниот пазар во Фрајбер се одржува при крајот на декември, кога се одржува т.н. Mettenschicht со парада на еснафските здруженија и музичкото здружение на рударите SAXONIA. Ова ја вклучува и традиционалната црковна служба во црквата Свети Петар и чекањето на рударите во втората сабота од Адвент. Цврсто заснован е и собирот на грнчарите во втората половина на април на Горниот плоштад (Obermarkt). Други годишни настани се уметничката награда Фрајберг и изборот на Градска рударска кралица (Bergstadt-Königin).
Меѓународни односи
уредиФрајберг е збратимен со следниве градови:
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
- ↑ Збратимени градови Архивирано на 8 август 2009 г. (од официјалната страница на градот)
- ↑ „Список на збратимени градови во округот Рур“ (PDF). © 2009 Twins2010.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-11-28. Посетено на 2009-10-28. Надворешна врска во
|publisher=
(help) - ↑ „Збратимени градови“. Општина Нес Циона. Архивирано од изворникот на 2009-04-10. Посетено на 2008-04-14.
Надворешни врски
уреди- Фрајберг на Ризницата ?
- Официјална страница