Фобос (вселенска програма)

советска вселенска програма
(Пренасочено од Фобос 1)

Мисијата Фобос (руски: Фобос) била мисија на две летала без екипаж, лансирани од страна на Советскиот Сојуз со цел да се проучи планетата Марс и нејзините сателити Фобос и Дејмос. Леталото Фобос 2 влегло во орбитата на Марс, и испратило 38 фотографии. И двете летала се изгубени.

Илустрација на вселенското летало Фобос

Фобос 1 и Фобос 2 биле дизајнирани според начинот на кој биле дизајнирани леталата испратени во мисија околу планетата Венера 1975-1985, а последен пат употребени за латалата „Вега“, за пресретнување на Халеевата Комета.

Фобос 1 е лансиран на 7 јули 1988 година, а Фобос 2 на 12 јули 1988 година. Секое летало тежело околу 2600 kg (6220 кг со останатите вметнати делови).

Во оваа мисија учествувале 14 други земји, вклучувајќи ги Франција, Шведска, Швајцарија, Австрија, Западна Германија и САД.

Цели на мисијата

уреди

Целите на мисијата Фобос биле проучување на планетата Марс, и нејзините сателити, посебно составот и површината на Фобос. А за таа цел, леталото Фобос 2 било опремено со посебни инструменти и ласери за кревање прашина на површината на Фобос и анализа на материјалите. Леталата биле опремени за испитување со радар, со инфрацрвени и гама-зраци, и три телевизиски камери. Со вакво набљудување од орбитата, на површината на Фобос требало да се спуштат две различни сонди: едната неподвижна и усидрена на површината која долгорочно ќе пренесува податоци, а другата направа со ногарки за скокање, наменета за скокање по површината на сателитот и известување за откритија од целата негова површина.

Фобос 1

уреди

Вселенското летало Фобос 1 е лансирано на 7 јули 1988 година, а два месеца подоцна објавено е дека е изгубен контакт со него, поради грешка во радиските команди.

Фобос 2

уреди

Фобос 2 среќно стигнало во орбитата на Марс на 28 јануари 1989 година, кога контролниот центар на советската мисија ги потврдил ненадејните „проблеми“ во комуникација со леталото. Официјалната новинска агенција Тас известила: „Фобос не успева да оствари комуникација со Земјата како што е планирано откако вчера завршил со операцијата околу природниот сателит на Марс, Фобос. Научниците од контролата на мисијата не се во можност да воспостават стабилна радио-врска.”

Но, наредниот ден, висок претставник на советската вселенска агенција Главкосмос, навестил дека навистина нема надеж да се воспостави контакт со леталото. Некои известувања објавени во европскиот печат проговориле за „неидентификуван предмет“ кој можел да се види „на последната слика снимена од леталото“.

Шпанскиот дневник Ла Епоха, на пример, официјалната вест на московскиот дописник за Европската новинска агенција ЕФЕ, ја објавил под наслов „Фобос 2 снимил необични фотографии од Марс пред губењето на контактот со својата база”. Следува преводот на официјалната вест:

Во емисијата ТВ вести „Времија“ вчера беше објавено дека леталото Фобос 2 кое кружеше околу Марс кога во понеделникот советските научници изгубија контакт со него, неколку секунди претходно фотографирало неидентификуван предмет на површината на планетата. Подолг термин во ТВ вестите беше посветен на необичните фотографии кои ги снимило леталото пред губењето на контактот, и прикажани се двете најважни фотографии на кои може да се види долга сенка. Научниците велат дека последната фотографија на која јасно се гледа тесната елипса, е „необјаснива”.

Според пресметките на советските експерти, „сенката” од последната фотографија снимена од Фобос 2 е долга околу дваесет километри. Неколку дена претходно, леталото забележало идентична појава, освен што во тој случај должината на „сенката“ изнесувала меѓу дваесет и шест и триесет километри.

Репортерот на Времија прашал еден од членовите на посебната комисија дали формата на „појавата” го потсетува на ракета, на што научникот одговорил: „Би можеле да размислиме околу тоа.”

Контроверзната фотографија

уреди

Пред да се изгуби контактот со леталото Фобос 2, фотографиите што се пристигнати во контролниот центар не се никогаш прикажани во јавноста. Но, во 1991 година, Марина Попович, руски тест пилот во пензија, покажала во јавност копија од фотографијата за која тврдела дека е последната фотографија од Фобос 2. Изјавила дека фотографијата ја добила од космонаутот Алексеј Леонов, која успеала да ја прошверцува надвор од тогашен СССР.

Постојат спекулации дека контроверзните фотографии снимени од Фобос 2 се налик на оние кои ги снимил Маринер 9, а се познати како 4209-75. Поради неизвесност во враќа со авторските права на фотографијата, може да ја погледнете на следниов линк: http://mars-news.de/mr9/4209-75.html

Наводи

уреди
  • R. Z. Sagdeev & A. V. Zakharov (1989). „Brief history of the Phobos mission“. Nature. 341: 581–585. doi:10.1038/341581a0.
  • Articles in Nature 341 (1989) pages 581 - 619
  • http://nssdc.gsfc.nasa.gov/planetary/phobos.html
  • http://www.astronautix.com/craft/fobos1f.htm
  • http://www.ias.u-psud.fr/ism/DRV_DATA/HTML/ISM/WELCOME.HTM
  • http://www.marsnews.com/missions/phobos2/ Архивирано на 11 февруари 2009 г.
  • http://www.marsnews.com/news/20020920-phobos2images.html Архивирано на 11 февруари 2009 г.
  • http://mars-news.de/mr9/4209-75.html
  • https://web.archive.org/web/20090829181740/http://www.planetary.org/data/phobos2/

Надворешни врски

уреди