Фиток

село во Нигритско, Егејска Македонија

Фиток (грчки: Ανθή, Анти; до 1956 г. Φιτόκιον, Фитокион[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција.

Фиток
Ανθή
Фиток is located in Грција
Фиток
Фиток
Местоположба во областа
Фиток во рамките на Визалтија (општина)
Фиток
Местоположба на Фиток во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°56.38′N 23°30.23′E / 40.93967° СГШ; 23.50383° ИГД / 40.93967; 23.50383
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаНигрита
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно450
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле, на околу 5 км северно од Нигрита. Лежи во северното подножје на Богданска Планина.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Фитоко (Fitoko) имало 15 домаќинства на 48 жители Роми и Черкези.[3]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Фиток:

Село Фиток е христијанско, една црква; жителите се Роми, оддалечено е на еден час од Нигрита.[4]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Феток, село на СИ од Нигрита, до Струма, која прави пакости за време на порои и дождови. Феток е чифлик на многумина, на 412 часа растојание од Сер. 30 куќи Македонци; 20 Роми.[5][6]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Фиток имал 200 жители, од кои 80 Турци и 120 Роми.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Фиток-Черкез (Fitok-Tcherkez) се состоело од 120 Роми.[8]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 243 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 205 лица.[9] Во 1923 г. муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место власта довела грчки колонисти. Христијанското ромско население веројатно се иселило бидејќи на пописот од 1928 г. Фитоки (Φυτώκη) е претставено како наполно дојденско село со 25 лица (5 семејства).[10] Во 1956 г. селото е преименувано во Анти.[11]

Во 1955 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[12]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 452 571 814 768 669 605 625 584 450
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
  4. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 58.
  5. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 845.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  9. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 242. ISBN 9989-9819-6-5.
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  11. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  12. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 2 ноември 2014.