Финистер
Финистер (француски: Finistère; бретонски: Penn-ar-Bed) – департман во Франција на крајниот запад на Бретања.
Финистер Finistère Penn-ar-Bed | |||
---|---|---|---|
Департман | |||
![]() Зградата на префектурата на депарманот Финистер, во Кемпер | |||
| |||
![]() Местоположба на Финистер во Франција | |||
Држава | Франција | ||
Регион | Бретања | ||
Префектура | Кемпер | ||
Потпрефектури | |||
Управа | |||
• Претседател на Собрание | Натали Сарабезол (Социјалистичка партија на Франција) | ||
Површина1 | |||
• Вкупна | 6.733 км2 (2,600 ми2) | ||
Население (2013)[1] | |||
• Вкупно | 903.921 | ||
• Ранг | 24. | ||
• Густина | 130/км2 (350/ми2) | ||
Часовен појас | ЦЕВ (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | ЦЕЛВ (UTC+2) | ||
Број на департманот | 29 | ||
Арондисмани | 4 | ||
Кантони | 27 | ||
Општини | 279 | ||
^1 Француски земјиштен регистер, кој ги исклучува естуарите, езерата, водени површини и ледници поголеми од 1 км2 |
ИсторијаУреди
Денешниот департман се состои од историскиот регион Леон и делови од Корнуај и Трегор, делови од Бретања пред Револуцијата.
Името „Финистер“ доаѓа од латинскиот израз Finis Terræ, што значи крај на земјата. Бретонското имза за Финистер, Penn ar Bed, во превод има слично значење "крај на светот ".
ГеографијаУреди
Најголем центар по бројот на жители во Финистер е Брест. Други големи градови во департманот се: Кемпер (главен град), Конкарно, Морле, Каре, Кемперле и Дуарнене. На Финистер му припаѓа и островот Уесан.
Финистер е најзападниот департман на Континентална Франција и може да се каже дека тој е најкрајбрежниот департман на Континетална Франција. Од 279 општини, 118 имаат излез на брегот. Вкупната крајбрежна линија изнесува приближно 1250 км е скоро четвртина од целокупниот брег на Бретања.
Пејзажот на северниот брег се карактеризира со камени заливчиња слични на фјордови.
Најзападната точка на Континентална Франција, позната како Поант де Корзан се протега од северозападниот дел на Финистер. Неколку километри понајуг, малку позападно е Поант ди Ра, но таа е каменита и изолирана.
ЕкономијаУреди
Земјоделието, прехранбена индустрија и разни поврзани индустрии имаат битно место во економијата на Финистер.
Военото присуство во Финистер (Ил Лонг базата на јадрени подморници и воздухопловната поморска база во Ланвеок-Пулмик), како и соодветните воени индустрии, вработуваат значителен број од населението во департманот.
Пристаништето во Роскоф ја поврзува Бретања со траект со Ирска и Велика Британија.
КултураУреди
Финистер е област каде бретонскиот јазик најмногу опстојува како говорен јазик.
Фестивалот Корнуај, кој се одржува во Кемпер ги негува бретонските традиции и музика.
Сликарот Рејмон Винц (1884–1956) насликал многу локации во Финистер.
Роалн Доре бил вајар чии дела се многу од распетијата во Финистер.
ТуризамУреди
Гранитни карпи во Уесан
Светилник Понтисвал во близина на Брињоган-Плаж
Поант ди Шато, Плугресан
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ INSEE Finistere 2012. Retrieved 10 April 2009.
Надворешни врскиУреди
„Финистер“ на Ризницата ? |
- (француски) General Council website
- (француски) Prefecture website
- (англиски) Finistere на Curlie (англиски)
- (француски) Finistère Tourisme, agence de développement touristique du Finistère