Филип Димкоски
Филип Димкоски (27 јуни 1995, Прилеп) – поет, преведувач и новинар[1].
Филип Димкоски | |
---|---|
Занимање | поет , преведувач , новинар |
Националност | Македонец |
Народност | Македонец |
Образование | Факултет за земјоделски науки и храна , Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје |
Животопис
уредиРоден е на 27 јуни 1995 година во Прилеп каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Факултетот за земјоделски науки и храна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на насоката „Градинарство и цвеќарство“ (хортикултура). Петнаесет години е постојан соработник-новинар во најстариот дневен весник во Македонија, Нова Македонија.
Книжевна кариера
уредиДосега ги објавил книгите:
- Најхранливи зборови од детска душа дарови (поезија и кратка проза за деца, 2010),
- Божилак на исконот (поезија за возрасни, 2014),
- Заедно да растеме (поезија за деца, 2018),
- Во градината има само љубов (поезија за возрасни, 2018).
- И каменот има душа (поезија за возрасни, 2020)
- Овошје и зеленчук (едукативна книга за деца, 2023)
Книгата „Божилак на исконот“ објавена е на српски и на бугарски јазик во 2016 година, книгата „Заедно да растеме“ објавена е на српски 2019, а книгата „Во градината има само љубов“, на бугарски јазик (2019).
За својата поезија добитник е на неколку награди меѓу кои:
- „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво, за најдобра книга за деца во регионот во бившите југословенски држави за книгата „Заедно да растеме“ (Риека)[2], 2018 година,
- Плакета „Сима Цуциќ“ на Банатскиот културен центар за српското издание на книгата „Заедно да растеме“ (Ново Милошево, 2019 година),
- Награда Млада Струга на Струшките вечери на поезијата Струга, 2010),
- Награда „Си било еднаш едно дрво“ за расказ (Битола-Израел, 2015/16),
Како и награди на фестивалите „Мелничките вечери на поезијата“ (Мелник, Бугарија, 2012 и 2016), Белоцветните вишни (Казанлак, Бугарија 2016 и 2017) и „Есенски штурци“ (Извор, Бугарија, 2018).
Поезијата му е препеана на петнаесетина јазици и застапена во списанија, зборници и антологии. Се занимава и со водителство и рецитирање. Преведува од српски, од бугарски и од хрватски на македонски јазик.
Досега одржал предавања, работилници и средби во над четириесет образовни институции во Македонија, Србија,Хрватска, Словенија[3], Бугарија и Израел. За афирмација на македонскиот јазик и образованието Советот на Град Прилеп на Филип Димкоски му го додели највисокото градско признание, плакетата „3 Ноември“[4] (Прилеп, Македонија, 2019). Член е на Здружението на новинарите на Македонија, на Друштвото за наука и уметност-Прилеп и на здружението Слоу фуд-Прилеп. Живее, твори и ја одгледува својата градина во родниот град Прилеп.
Наводи
уреди- ↑ ДИМКОСКИ, Филип Во градината има само љубов/Филип Димкоски, самостојно издание, Скопје, ISBN 978-608-65970-2-3
- ↑ Меѓународна награда за книгата „Заедно да растеме“ од Филип Димкоски[мртва врска]
- ↑ Поетот Филип Димкоски во Љубљана и во Марибор
- ↑ Филип Димкоски награден за афирмација на македонскиот јазик