Филип Арилон
Филип Арилон (Велес, 03 март 1992) — македонски музичар, етнокореолог, изведувач на дувачки, жичани и удирачки народни инструменти: гајда, кавал, тамбура, кемане, зурла, дудук, шупелка, двојанка, тапан.
Филип Арилон | ||
Роден | Филип Арилон | |
---|---|---|
Родно место | Велес | |
Националност | Македонец | |
Занимање | етнокореолог | |
Сопружник | Христина Арилон | |
Татко | Кире Василевски | |
Мајка | Жаклина Василевска |
Животопис
уредиФилип Арилон е роден на 03 март 1992 година во Велес. Потекнува и живее во Велес. Основно и средно образование завршил во родниот град. Интересот кон народните инструменти и музиката се појавила уште додека учел основно образование. Неговата љубов кон народните музички инструменти се пројавила додека ги слушал велешките музичари кои свиреле во КУД во Велес, додека тој посетувал часови по играње. Првиот инструмент на кој тој учел да свири бил кавалот. Филип работи во областите: Етно-кореологија, кореографија, етнологија, антропологија, етномузикологија и историја на танцот. Тој е и одличен свирач на традиционални музички инструменти, пејач на традиционални песни и има експертиза во музичка теорија и солфеж. Тој иста така е и инструктор по македонски традиционални ора и проект-менаџер за БАЛКАНСКИ МУЗИЧКИ ЦЕНТАР – Македонија во Велес, каде што е и директор на Детскиот народен ансамбл („ЛИНО“) и Танцовиот клуб и оркестар за искусни играорци (“ ЗОРА“). Љубовта кон музиката и народните инструменти ја продолжува и како професор во периодот од 2011 година до 2014 година. Тој работел во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ – Скопје во групата „Насока за традиционална музика и игра“ како професор по народни инструменти, професор по народни ора и корепетиција на народни ора. Подоцна во 2017 година тој дипломирал на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип на Музичката академија на одделот етнокореологија. Арилон учествува и настапува на голем број фестивали за етно музика и во 2021 година на 47-от Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, кој што ги негува македонскиот фолклор и традиција и традиционално се одржува во Прилеп и Долнени ја добил наградата за најдобар гајдаџија.[1]
Тој е организатор на Интернационален Фолклорен Фестивал „Велес“ во 2012, 2013, 2014 и 2015 година. Во 2012 настапил како играч/пејач, инструменталист во Ансамбл „Македонија“ – Скопје.
Истата година настапил и како актер во „Македонска Крвава Свадба“, Драмски Театар – Скопје.
Арилон го организирал во 2012 и Концертот на балканските училишта за традиционална музика и игра, МОБ – Скопје. Во 2012 година работел и како волонтер -реставратор во НУ Музеј и Завод за култура-Штип.
Филип Арилон настапува и членува во повеќе музички здруженија и ансамбли некои од нив се:
- Здружение на етнокорелози на Македонија – Скопје,
- БАЛКАНСКИ МУЗИЧКИ ЦЕНТАР – Македонија, Велес (претседател),
- Ансамбл „Македонија“ – Скопје,
- Фолклорен Ансамбл „Вила Зора“ – Велес,
- Ансамбл „Керамичар“ – Велес
- АНМ „Зора“ – Скопје.
Професионално искуство
уредиАрилон во своето професионално и музичко искуство како изведувач на дувачки, жичани и удирачки народни инструменти: гајда, кавал, тамбура, кемане, зурла, дудук, шупелка, двојанка, тапан. Тој своите напредни познавања во областа на традиционалната култура и етнокореологијата ги пренесува и на семинари, симпозиуми, фестивали и манифестации од сличен карактер во областа на традиционалната култура. Филип долги години одржува работилници за македонски народни игри во: Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Хрватска, Полска, Германија, Франција, Шпанија,Холандија,Швајцарија, Израел и Јапонија. Тој е и етнокореолог на Македонскиот ансамбл за народни игри „МАКЕДОНИЈА“.
Период | Активност | |
---|---|---|
08.2006,2007,2008 | Traditional FOLK Dance from Macedonia
Семинар за традиционална музика и игра Отешево, Р Македонија |
Корепетитор по народни ора |
08.2009 | Traditional FOLK Dance from Macedonia,
Семинар за традиционална музика и игра Струга, Р Македонија |
Корепетитор по народни ора и предавач по
традиционален инструмент – гајда |
03.2010 | Thüringer Tanzverband e.V., Германија
Семинар за македонски традиционални ора |
Корепетитор по народни ора |
04.2010 | Werelddansen in Groningen, Гронинген, Холандија, | Корепетитор по народни ора |
05.2010 | Landesarbeitsgemeinschaft Tanz Niedersachsen e.V.
Берлин, Германија Едукација за македонски фолклор |
Корепетитор по народни ора и предавач по традиционален инструмент – гајда |
09.2010 | DUNAV Anniversary Weekend, Ерусалим, Израел | Корепетитор по народни ора |
03.2011 | University of Paris 10 (Paris Ouest Nanterre)
Париз, Франција Department of ethno choreology |
Предавач по традиционална македонска култура |
03.2011 | LA RONDE, Association de folklore international
Certificate, Руан - Франција, |
Предавач по народни инструменти и корепетиција на народни ора |
03.2011 | Un Point sur le Bosphore, Seminar Chant & Danse
Macedoine/Turqie/Balkans |
Предавач по традиционална македонска култура |
03.2011 | Div`Arts Les Ateliers, Saint-Eulalie
Бордо – Франција |
Предавач по народни ора,корепетитор по народни инструменти |
05.2011 | Landesarbeitsgemeinschaft Tanz Niedersachsen e.V.
Берлин, Германија Едукација за македонски фолклор |
Корепетитор по народни ора и предавач по традиционален инструмент – гајда |
06.2011 | LAG – Tanz, Хановер – Германија
Архаични форми на традиционалните облици на игра, |
предавач |
07.2011 | Der Deutsche Bundesverband Tanz e. V. (DBT) ist der Dachverband für den Amateur- und Breitentanz in Deutschland | Предавач по народни ора, корепетитор по народни ора |
04.2012 | LA RONDE Folklorique, Лион – Франција | Корепетитор по народни ора |
05.2012 | DUNAV Folk Organization Anniversary – Петах Тиква, Израел | Предавач по традиционален инструмент – гајда |
04.2016,2017 | Tänze mit Belčo, Daniel Sandu, Filip Arilon
Obersteinbach, Germany Танц семинар, |
предавач |
02.2018 | Balkan Les Nevers, Новер, Франција
Семинар за традиционална игра, |
предавач |
07.2018 | Македонско оро 2018 - Семинар за народни игри и музика во Македонија Крушево Македонија[2] | предавач |
12.2018
01.2019 |
Winterlager Dance Camp – VTI
Киентал, Швајцарија |
Предавач по традиционална игра |
04.2023 | La Riche, Франција
Курс за традиционални ора |
Предавач по традиционална игра |
05.2023 | Олденбург, Германија | предавач |
Галерија
уреди-
Филип Арилон
-
Филип Арилон -работилница со деца за запознавање со народниот инструмент кавал
-
Филип Арилон -кавали
Наводи
уреди- ↑ https://novamakedonija.com.mk/zivot/magazin/%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF-%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%BD-%D0%BE%D0%B4-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BD-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%98/
- ↑ „MAKEDONSKO ORO - Folk Dance and Music Seminar“. www.balkanfolk.com. Посетено на 2023-05-13.
Надворешни врски
уреди- Филип Арилон прогласен за најдобар гајдаџија, Нова Македонија
- ВИС „Аманет“ слават јубилеј – пет години постоење со концерт во МОБ: „Многу мерак имам“ Архивирано на 12 мај 2023 г., vistina.com.mk
- Биографија на Филип Арилон
- https://www.youtube.com/watch?v=oAtqukWX1c8
- https://www.dcff.net/staff/bios/arilon-filip-bio.html
- https://www.lanouvellerepublique.fr/indre-et-loire/commune/la-riche/la-riche-folklo-riche-decouvre-les-danses-traditionnelles-de-la-macedoine-du-nord