Тамбура (македонска)
Тамбурата е македонски народен жичен инструмент со долг врат и крушковиден облик, кој се прави од оревово дрво. Инструментот го донеле Турците во Македонија во 14-тиот и 15-тиот век. Тамбурата произведува метален и боцкав звук. Може да се свири соло или во ансамбл на македонска народна музика.
Тамбура – општ термин за повеќе видови жичени инструменти, кои според обликот меѓусебно многу се разликуваат. Разликата се состои во бројот на гласовите (жиците), од каде што произлегуваат разните термини за овој инструмент. [1]
Така, едногласната тамбура од две унисони жици се вика „литарка“ или „иќителлија“, двогласните тамбури од четири жици (две по две унисони) се викаат четворка, чифтелија, карадузен, бозук или шесторка (на две места по три унисони жици). Кај сите нив тонот се добива со мали удари врз жиците со перце. Долги се околу 75-90cm (вратот 36-50cm, а корпусот 25-30cm). Нивната најчеста функција е да ги придружуваат народните песни. [1]
-
Тамбура