Зурла (македонска)

дувачки инструмент свирен на просторите од Балканот до Средна Азија

Зурла, Сурла – дрвен музички инструмент со две јазичиња, тип обоа. Се среќава во нејзиното изворно име зурна, а исто и во помакедончено зурла и сурла.

Зурла „Свирла“ по потекло од Дебар на изложба во Музејот на Македонија

Градба

уреди

Зурлите се изработуваат во два дела, дрвена цевка проширена на долниот крај во конусна форма изработена од едно парче дрво и славец вовлечен во горниот дел на цевката.

Градба - тело (цевка)

уреди

Дрвената цевка и нејзиниот внатрешен пресек (канал) се изработуваат на следниов начин: во горниот дел на цевката се пробива конусен канал чиј пресек почнува со 18мм а завршува со 12мм. Конусот достига до половина расојанието меѓу втората и третата мелодиска дупка, броејки од горниот спрема долниот дел. Од грлото до крајот на зурлата е конусен канал.

Мелодиски отвори

уреди

На предната страна се пробиваат седум мелодиски отвори, а осмата за палец, одзади, меѓу шестиот и седмиот мелодиски отвор. Првиот мелодиски отвор (од горе спрема долу) се пробива: кај големите зурли меѓу 60-70мм, а кај малите 30мм. Растојанието меѓу мелодиските отвори е: кај големите од 35-40мм, кај малите 20мм.

Гласници

уреди

На вертикалата на предната страна, на која се наоѓаат и мелодиските отвори, се пробиваат три гласника или душника, а на левата и десната уште по еден.

Медник и конец

уреди

Во каналот е вовлечен медник, кој се состои од покусо лимено цевче, всадено во центарот на лимена кружна плочка. На горниот крај на цевката се навлекува двојазична писка од трска, прицврстена на долниот крај, со притиснати краеви во форма на трапез.

Под лимената плочка, на медниковата цевка намотан е конец, кој има задача да го зајакне медникот и едновремено за да затвори шуплината.

Градба - славец

уреди

Вториот дел на зурлата, наречен славец, се изработува од едно парче дрво, во форма на буквата Т, во кој е пробиен канал. Од предната и задната страна на каналот се засечени два крака, формирајки на должина елипса. Покусиот крак на предната страна е подолг (75мм) од кракот на спротивната (60мм).

Славецот се состои од глава „башл’к“ и цевката – „канел“ (канал). Височината на башл’кот варира: кај прилепските и велешките зурли е околу 30мм, а кај скопските и струмичките околу 20мм. Славецот кај сите видови зурли се протега под вториот, односно третиот мелодиски отвор. Засеците на славецот се завртуваат спрема мелодиските отвори. Должината на цевчето под башл’кот е: кај големите 130мм, а кај малите 60мм.

Оформувањето на зурлата се врши во дребанк. Каналите се пробиваат со сврдли со различни пресеци со меткап. За да се спречи сушењето на внатрешните видови на цевката се мачкаат со зејтин или со вода, што зависи од видот на дрвото.

Поделба според големина на градба

уреди
 
Каба зурла по потекло од Дебар, која е изложена во музејот на Македонија

Должината и пресекот на цевката зависат од големината на зурлата. Со најголема должина и пресек се тн. Каба зурли (60-63см), потоа Јарамкаба (48-54см) и Џура зурлите (25-28см). Меѓу наброените должини, се јавуваат и зурли чии должини се движат меѓу нив (односно гевгелиската и гостварската, со должини од 42-45см).

Материјали на изработка

уреди

Како материјал се користи, главно, ореово дрво. Меѓутоа, мислењата за видот на дрвото од кои се изработуваат, се најразлични. Така, на пример, штипските зурлаџии му даваат предност на јаболковото дрво, а во селото Ратево, Беровско, центар на зурлаџиско-тапанарските состави на Беровскиот крај, го претпорчитаат ореовото и црносливото дрво.

 
Ореово дрво, кое често се користи за изработка на зурли

Во скопскиот регион и во градот, покрај ореовото се употребува и јаворово дрво. На теренот, пак, наидуваме зурли изработени од орев, од питомо јаболко, од јасен, клен, јавор и од црносливово дрво.

Ретко се среќаваат украсени зурли. Кај сите зурли среќаваат заеднички украс од два концентрични прстени кои имаат задача да ја означат ширината на задниот мелодиски отвор.

Поделба

уреди

Покрај спомнатите турско-арапски називи за зурлата, каба, јарамкаба и џура, се именуваат според местото и градот во кои најповеќе се користат. Каба зурлата најчесто се среќава во Тетово и околината, па се именуваат како тетовски зурли. Јарамкаба зурлата се изработува и се користи во Скопје и околината, од кое им произлегува називот скопски зурли. Скопските зурли се најраспостранети во Македонија (Струмица и Струмичко, Радовиш и Радовишко, Берово и Беровско, Тиквешко, Штип и Штипско, Прилеп и Прилепско, Битола и Битолско, Куманово и Кумановски, итн).

Џура зурлите што се јавуваат во две должини, се користат во Гостивар и Гостиварско, па затоа носат назив гостиварски, и нешто покуса од гостиварската, која се корист во Гевгелиско и Струмичко, носи назив гевгелиско-струмичка.

Начин на свирење

уреди

Зурлите при свирењето се држат со двете раце, наведнати спрема хоризонталата за околу 45°. Долните четири мелодиски отвори се покриваат со прстите на левата рака, а палецот служи како потпирач. Горните четири мелодиски отвори се покриваат со трите прста од десната рака, без малиот, а палецот го покрива задниот мелодиски отвор.

За фиксирање на мелодиските отвори се користат мерки (канали), установени по емпириски пат.

Штимови и посебни одлики

уреди

Изработката на зурлите претежно лежи во рацете на мајстори занаетчии и тоа најповеќе по градовите, сврдли со различни пресеци, кои се ставаат маткапот, потоа дребанк за оформување на формата на зурлата, длета, идр.

 
Зурлаџии за време на галичка свадба на одмор (2003)

Што се однесува до најниските тонови на зурлата, што можат да се реализираат ако се затворат сите мелодиски отвори, ги имаат следниве тонови, тетовска „бе / ха“, скопската „це1 / де1“, гостиварската „ес1“ и гевгелиската „це2 / де2“.

Редоследот на тоновите кај зурлата се приближува кон природниот тонски систем. Обемот на тоновите е две октави. Преку комбинација на отворени и затворени мелодиски отвори, можат да се реализираат следниве хроматски тонови: дес, фис, аѕ и бе. Ќе укажеме на карактеристичниот тонски ердослед од две прекумерни  секунди, што често се користи во зурлаџиската инструментална практика.

Тембарот на зурлата е толку силен и продорен, што тешко се поднесува и на отворен простор.

Културна значајност

уреди

Репертоарот на зурлата е тесно поврзан со условите во кои дејстува. На свадба е поврзан со обичајни и танцови мелодии.

 
Зурла од тиквешијата изложена во музејот на Македонија

Обичај е во Малешево, за време на некој празник, најчесто на славата на селото, зурлаџиско-тапанџиските состави да одат од куќа на куќа, честитајки го празникот. При обиколување на селото, се делат во две групи, па од две страни го обиколуваат.  Околу пладне, откако ќе го обиколат селото, настанува игранка сред-село. За време на сунет репертоарот им се состои од определен редослед на обичајни и танцовни мелодии, кои се пренесуваат од колено на колено. А во радовишко-струмичкиот крај, за време на жетва, се практикувал обичајот да свират зурлаџиско-тапанарските состави.

Во музиката традиционална практика во Македонија на зурлата свират само Ромите. Некои истражувачи имајки ги предвид христијанските имиња кај некои Роми, заклучуваат дека зурлата ја користат и македонските Словени. Меѓутоа, се работи за покрстени Роми. Навистина имало обиди во велешкиот регион и Македонци христијани да свират на зурла, но практично овој обид пропаднал.

Примена

уреди

Зурлите не се користат како солистички инструменти, ами само како ансамблови во составите на зурлаџиско-тапанарските состави. Свирачот на зурла се именува зурлаџија (кој свири), а ударачот на тапан – тапанџија/тапанар (кој чука/удира на тапанот).

 
Ромски зурлаџиско-тапанарски состав свирејки на галичка свадба во с. Галичник (1939)

Бидејки зурлите имаат различни товови, а здружувањето е можно само на зурли со исти основи тонови, што значи дека е можно здружувањето меѓу каба зурлите или пак јарамкаба зурлите, односно пар скопски и пар тетовски. Бидејки гевгелиско-струмичката зурла има ист основен тон со скопската, следува дека можат да се здружуваат.

Како најкомплетен состав се смета составот на две зурли и два тапана. Еден од зурлаџиите ја води мелодијата (водач), а другиот ја придружува (полагач).

Посебни одлики

уреди

Ако се споредат формите на нашата зурла во формите на персиската зурна, произлегува дека нашата зурла со ништо не се разликува од персиската зурна.

Кога е пренесена зурлата на Балканот, засега, не располагаме со сигурни податоци. Мислењето дека зурлата ја пренесле на Балканот Ромите, до денес не се потврдени иако постојат индикации за ваков заклучок. Ликовна претстава на зурла имаме во Охрид со кое се потврдува дека зурлата била позната на Балканот пред турската инвазија.

Зурлаџиско-тапанарските состави се концентрирани по градовите и некои во села. Најпознати се: скопските, велешките, прилепските, гевгелиските, битолските, дебарските, ратевските, радовишките, итн.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди