Дудукот е музички народен дувачки инструмент од типот надолни блок флејти. Се среќава во две димензии – како помал од 24 до 40cm (дудуче, сворче) и поголем од 70 до 78cm (понекогаш и наречен кавал). Најчесто се изработува од јасеново или јаворово дрво. На горниот дел има посебен засвирач, а по должината на цевката има шест мелодиски дупки за свирење. Најчесто се употребува како придружник на народните ора (особено дудучето, кое има продорен тон). [1]

Дудуче - Дудук
Преден поглед на голем дудук тн. „кавал“ од Прилеп
Преден поглед на голем дудук тн. „кавал“ од Прилеп

Свирењето на дудукот е прилично лесно, и затоа е широко застапен низ Македонија. Звукот му е чист и пријатен. Дудукот свири две октави, со дијатонички и хроматски тонови. При свирењето, истиот се држи вертикално пред телото.

Дудучиња (бр. 14, 15, 18 и 21) и сворчиња (бр. 10 и 20) изложени во Музејот на Македонија

Наводи Уреди

  1. „Македонската Енциклопедија (стр. 497, близу бројот на страната)“.