Шупелкамакедонски народен дувачки инструмент сличен на кавалот (отворен од двата краја), со исклучок на тоа што шупелката е пократка (240-350 мм). Се прави од оревово, дреново, јасеново или јаворово дрво.

Шупелки изложени во Музејот на Македонија (инструментите бр. 9 - Скопје, 11 - Ново Село,12 - Скопје и 13 - Малино)

Шупелката свири хроматичка скала (две октави), со исклучок на првата нота од долната октава. Во долниот регистар, шупелката оддава мек и пријатен звук, додека во горниот регистар звукот ѝ е остар и пискав.

Овој инструмент има шест дупки и е стеснет при горниот крај. Се свири со трите средни прста од двете раце и се држи под агол од 45°. Се користи за солистички импровизации како и заедно со други инструменти.Шупелката има многу сличности ама и разлики со кавалот.

Шупелка

Снимки

уреди