Федерико Фернандес
Федерико Фернандес (шпански изговор: [feðeˈɾiko ferˈnandes]; роден на 21 февруари 1989 г.) — аргентински професионален фудбалер кој игра како среден бек за Свонзи Сити и за репрезентацијата на Аргентина.
Федерико Фернандес | |||
---|---|---|---|
Федерико играјќи за Аргентина во 2012 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Федерико Фернандес | ||
Роден на | 21 февруари 1989 | ||
Роден во | Трес Алгаробос, Аргентина | ||
Држава | Аргентина | ||
Висина | м[1] | 1,90||
Позиција | Одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Њукасл Јунајтед | ||
Број | 33 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008–2011 | Естудијантес Л.П. | 59 | (4) |
2011–2014 | Наполи | 44 | (0) |
2013 | → Хетафе (заем) | 14 | (1) |
2014–2018 | Свонзи Сити | 118 | (2) |
2018– | Њукасл Јунајтед | 15 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 | Аргентина под 20 | 2 | (0) |
2011–2014 | Аргентина | 32 | (3) |
Тој ја започнал својата кариера во клубот Естудиантес де Ла Плата, со кој стигнал до финалето на Копа Судамерикана и ја освоил титулата во Копа Либертадорес, пред да се пресели во Наполи во 2011 година. Во 2014, тој потпишал за Свонзи Сити.
Својот прв настап во дресот на репрезентацијата на Аргентина тој го забележал во 2011 година и оттогаш одиграл преку 30 натпревари, постигнувајќи 3 гола. Тој бил дел од аргентинскиот состав кој стигнал до финалето на Светското првенство 2014.
Клупска кариера
уредиЕстудиантес
уредиСвојот прв лигашки настап за Естудиантес де Ла Плата, Ферандес го остварил на 14 септември 2008 за време на Апертура 2008 во поразот од 1–0 против Велес Сарсфилд. Тој одиграл два натпревари за Естудиантес на патот до финалето на Копа Судамерикана 2008.
Првиот гол за Естудиантес, Фернандес го постигнал на гостински терен против Ланус, на 2 мај 2009, по асистенцијата на Хуан Себастијан Верон. Подоцна во сезоната, Естудиантес ја освоил титулата во Копа Либертадорес 2009, а Фернандес ги одиграл двата натпревари против Дефензор Спортинг во четвртфиналето, влегувајќи од клупата за резервни играчи.
Наполи
уредиТој потпишал за Наполи во декември 2010 за сума од околу 2.5 милиони евра.[2] Бидејќи немал европски пасош, тој пристигнал во Италија во јули 2011.[3]
На 2 ноември 2011, Фернандес ги постигнал своите први два гола за Наполи против Баерн Минхен во групната фаза од Лигата на шампионите.[4] Двата гола тој ги постигнал со глава со што го ублажил поразот на својот клуб на 3–2.[5]
Таа сезона тој одиграл само 9 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Наполи и на 31 јануари 2013 бил позајмен на Ла Лига клубот Хетафе до крајот на сезоната, зацврстувајќи ја одбраната на клубот по заминувањето на Давид Абрахам во Хофенхајм.[6]
Ферандес ги одиграл сите 90 минути во финалето на купот на Италија 2013-14, во кое Наполи забележал победа нд 3–1 над Фјорентина.[7]
Свонзи Сити
уредиНа 20 август 2014, било објавено дека Фернадес потпишал четиригодишен договор со премиерлигашот Свонзи Сити за непозната сума.[8] Шест дена подоцна, во првиот настап за Свонзи Сити, тој ги одиграл сите 90 минути во победата од 1–0 над Ротерам Јунајтед во второто коло на Лига купот.[9] На 13 септември 2014, тој го имал првиот лигашки настап, заменувајќи го Жорди Амат на полувремето во поразот од 4–2 на гостински терен протв Челси.[10]
Фернандес добил директен црвен картон поради прекршок над Филипе Кутињо во продолжението од натпреварот против Ливерпул во четвртото коло од Лига купот на 28 октомври; минути подоцна Дејан Ловрен го постигнал победничкиот гол и го елиминирал Свонзи Сити од натпреварувањето.[11] Сепак, два дена подоцна, Фудбалскиот сојуз на Англија го поништил црвениот картон на поднесената жалба на Свонзи Сити, со што Фернандес избегнал казна од три натпревари.[12] Својот прв гол за лебедите го постигнал на 19 март 2016 во победата со 1-0 над Астон Вила на Либерти.
Репрезентативна кариера
уредиВо јануари 2009, Фернандес бил именуван во составот на Аргентина под 20 години за младинското првенство на Јужна Америка во 2009 година.
Фернандес го одиграл својот прв сениорски натпревар за Аргентина против Еквадор во април 2011 година. Тој станал стандарден играч во одбраната на Аргентина за време на успешните квалификациите за Светското првенство 2014 под водство на Алехандро Сабелја.[13]
Во јуни 2014, тој бил именуван во составот на Аргентина за Светското првенство 2014.[14] Својот прв натпревар на Светските првенства, Ферандес го одиграл против Босна и Херцеговина на Маракана; натпревар во кој Аргентина победила со 2-1.[15]
Репрезентативни голови
уреди# | Датум | Место | Противник | Гол | Резултат | Натпреварување |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 25 мај 2011 | Ресистенсија, Аргентина | Парагвај | 2–1 | 4–2 | Пријателски натпревар |
2. | 9 јуни 2012 | Ист Радерфорд, САД | Бразил | 3–3 | 4–3 | Пријателски натпревар |
3. | 3 септември 2014 | Диселдорф, Германија | Германија | 3–0 | 4–2 | Пријателски натпревар |
Титули
уредиКлупски
уреди- Копа Либертадорес: 2009[16]
- Аргентинска Примера Дивизион: 2010 Апертура[17][18]
Репрезентативни
уреди- Светско првенство: Вицешампион 2014[18][21]
Наводи
уреди- ↑ „2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“ (PDF). FIFA.com. 11 June 2014. стр. 2. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-06. Посетено на 15 October 2014.
- ↑ „Todo esto es un sueño y un premio para mí“. Diary Hoy (шпански). ca. 21 December 2010. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 27 December 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Il Napoli gioca in difesa, ecco Fernandez“. Sky Italia (италијански). 26 December 2010. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 27 December 2010.
- ↑ „Bayern Munich 3-2 Napoli“. The Guardian. London. 2 November 2011.
- ↑ „Espn Fc“. Soccernet.espn.go.com. Посетено на 2014-08-20.[мртва врска]
- ↑ Chesters, Heath (31 January 2013). „Getafe loan Napoli defender Fede Fernández“. Inside Spanish Football. Архивирано од изворникот на 2014-10-31. Посетено на 30 October 2014.
- ↑ „Partenopei come out on top in Coppa Italia final“. Goal.com. 3 May 2014. Архивирано од изворникот на 2014-05-07. Посетено на 20 November 2014.
- ↑ „World Cup runner-up Fernandez completes Swans switch“. swanseacity.net. Архивирано од изворникот на 2014-08-20. Посетено на 20 August 2014.
- ↑ „Swansea 1-0 Rotherham“. BBC Sport. 26 August 2014. Посетено на 30 October 2014.
- ↑ „Chelsea 4-2 Swansea“. BBC Sport. 13 September 2014. Посетено на 30 October 2014.
- ↑ „Liverpool 2-1 Swansea“. BBC Sport. 28 October 2014. Посетено на 30 October 2014.
- ↑ „Swansea City: Federico Fernandez red card overturned by FA“. BBC Sport. 30 October 2014. Посетено на 30 October 2014.
- ↑ „Federico Fernandez“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2014-07-02. Посетено на 2015-09-13.
- ↑ „Demichelis in Argentina squad as trio miss out“. FIFA. 2 June 2014. Архивирано од изворникот на 2014-06-04. Посетено на 21 June 2014.
- ↑ „Argentina 2-1 Bos-Herce“. BBC. 16 June 2014. Посетено на 21 June 2014.
- ↑ „Estudiantes venció a Cruzeiro 2-1 en Belo Horizonte y se clasificó campeón“. afa.org.ar. 15 July 2009. Посетено на 26 August 2014.
- ↑ „Argentina 2010/11“. rsssf.com. Посетено на 26 August 2014.
- ↑ 18,0 18,1 „F. Fernández“. Soccerway. Архивирано од изворникот на 2015-09-10. Посетено на 26 August 2014.
- ↑ „Juventus 0 - 2 Napoli“. legaseriea.it. 20 May 2012. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 26 August 2014.
- ↑ „Coppa Italia 2013-14 Fiorentina - Napoi 1-3“. legaseriea.it. Архивирано од изворникот на 2020-03-31. Посетено на 26 August 2014.
- ↑ „Germany 1 - 0 Argentina“. FIFA.com. Посетено на 27 August 2014.
Надворешни врски
уреди„Федерико Фернандес“ на Ризницата ? |
- ЕСПН статистика Архивирано на 25 декември 2009 г.
- Федеико Фернандес на National-Football-Teams.com