Крстосница

место каде се сечат два или повеќе пата
(Пренасочено од Раскрсница)

Kрстосница[1][2], раскрсница[3][4] или крстопат[5][6] — површина на која се крстосуваат или соединуваат два или повеќе јавни патишта, како и широка сообраќајна површина (плоштад и слично), што настанува со крстосување, односно со соединување на патишта.[7] Раскрсниците може да бидат на исто ниво (раскрсница со или без семафор и раскружница) и на различно ниво (надвозник, подвозник и клучка). Нивото на раскрсницата зависи од разликата во висина на патиштата кои се вкрстуваат на местото каде што се вкрстуваат.

Раскрсница

Видови крстосници

уреди

Постојат шест вида крстосници и тоа се:

Сите овие крстосници се разликуваат по ниво, безбедност, практичност и можности и трошоци за изградба. Покрај раскрсницитие во ниво главно се наоѓаат пешачки премини.

Крстосница без семафори

уреди

Раскрсницата без семафори е најосновна, најнебезбедна, наједноставна и најбавна раскрсница. Првенство на минување се одредува со сообраќајни знаци, ознаки на патишта и сообраќајни правила (правила на „десната страна“ и „свртување лево“) или во вонредна ситуација ситуација врз основа на сигналот на сообраќајниот полицаец.

Крстосница со семафори

уреди

На раскрсница со семафори сообраќајот го регулираат семафорите. Во случај на откажување на семафорот, сѐ е исто како на раскрсница без семафори. Регулирањето на сообраќајот може да го врши и полициско лице - сообраќаец.

Раскружница

уреди

Раскружница е сообраќајна површина со централен остров во која сообраќајот се одвива во кружен тек и во насока спротивно на стрелките на часовникот во земјите каде сообраќајот се одвива по десната страна, и во насока на стрелките на часовникот во земјите каде сообраќајот се одвива по левата страна од коловозот.

Надвозник

уреди

Надвозник е мост над вкрстувањето на две сообраќајници со кој едната сообраќајница, издигната над земјата, се преведува над другата која лежи на нивото на земјата.

Подвозник

уреди

Подвозник е подземен премин за возила или луѓе под јавна сообраќајница.

Клучка

уреди

Крстосница во два или повеќе нивоа во патниот сообраќај. Истата се смета за најбрз и најбезбеден вид крстосница.

Наводи

уреди
  1. „крстосница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „крстосница“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „раскрсница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „раскрсница“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „крстопат“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „крстопат“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. „ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА“ (PDF). Посетено на 15 декември 2021.