Ден (стадион)
Ден (англиски: поранешен The Den) или Новиот Ден (англиски: поранешен The New Den) како што претходно бил познат — фудбалски стадион во Бермондси, југоисточен Лондон, Англија. Стадионот претставува дом на фудбалскиот клуб Милвол, кој на него ги игра својте домашни натпревари.[1] Стадионот се наоѓа во непосредна близина на железничката пруга во Јужен Лондон, и престставува наследник на стариот Ден, претходниот стадион на кој домаќин бил Милвол, кој го заменил во 1993 година.
Ден | |
---|---|
Поранешни имиња | Новиот Ден |
Место | Бермондси, Лондон Англија |
Координати | 51°29′9.43″N 0°3′3.42″W / 51.4859528° СГШ; 0.0509500° ЗГД |
Изграден | 1993 |
Отворен | 4 август 1993 |
Сопственик | |
Подлога | трева |
Цена на изградбата | £16 милиони |
Игра | Милвол |
Гледачи | 20,146 |
Стадионот има вкупен капацитет од 20.146, иако тоа е ограничено на приближно 18.100 за да се овозможи раздвојување на навивачите и мерки за безбедност на толпата.[2] Најголемата посетеност на стадионот регистрирана за време на сезоната 2018-2019 била 17.195 гледачи.
Новиот Ден е шестиот стадион што Милвол го окупирал од нивното основање во Милвол во областа позната како Островот на кучињата во 1885 година. Претходните терени биле Гленгал Роуд (1885-1886), Лор Нелсон Грунд (1886–1890), Атлетик Граунд (1890–1901), Норт Гринич (1901–1910) и стариот Ден (1910–1993).
Трибини
уредиНа 20 јануари 2011 година источната трибина на Ден била преименувана во „Докерс стенд“, оддавајќи почит на раната историја на Милвол и поддржувачите на пристаништата на Темза.[3] Јужната трибина е позната под името Колд Блоу Лејн, што било името на патот кој водел до стариот Ден. Северната трибина е резервирана за гостинските приврзаници, а западната трибина била преименувана во Бари Киченер стенд, наречена по играчот со најдолг стаж во дресот на Милвол.
Наводи
уреди- ↑ „Views of The Den“. millwallfc.co.uk. 13 September 2010. Архивирано од изворникот на 15 May 2010. Посетено на 13 September 2010.
- ↑ „Clubs like Brighton & Millwall take steps to halt declining attendances“. BBC Sport. 2013-01-24. Посетено на 2020-01-27.
- ↑ The Dockers stand Архивирано на 24 јануари 2011 г.
Надворешни врски
уреди„Ден (стадион)“ на Ризницата ? |
- Матична страна на ФК Милвол
- Ден на Football Ground Guide
- Галерија со слики на Ден на londonfootballguide.com