Ли Кевин Карсли (роден на 28 февруари 1974 година) — ирски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Моментално ја води англиската репрезентација под 21 година.

Ли Карсли
Лични податоци
Роден на 28 февруари 1974(1974-02-28)(50 г.)
Роден во Бирмингем, Англија
Држава  Ирска
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2011 - како играч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992-1999 Дарби Каунти Дарби Каунти 138 (5)
1999-2000 Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 47 (11)
2000-2002 Ковентри Ковентри Сити 47 (4)
2002-2008 Евертон Евертон 166 (11)
2008-2010 Бирмингем Сити Бирмингем Сити 48 (2)
2010-2011 Ковентри Ковентри Сити 25 (0)
Репрезентација
1997-2008  Ирска 40 (0)
Раководител на екипите
2012 Ковентри Ковентри Сити (в.д.)
2013 Ковентри Ковентри Сити (в.д.)
2015 Брентфорд Брентфорд
2015 Манчестер Сити Манчестер Сити под 18 г.
2017 Бирмингем Сити Бирмингем Сити (в.д.)
2020-2021 Англија Англија 20
2021- Англија Англија 21
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Во својата кариера играл во англиската Премиер лига за екипите на Дарби Каунти, Блекбурн Роверс, Ковентри Сити, Евертон и Бирмингем Сити. Иако роден во Бирмингем, Англија, тој ја претставувал Република Ирска на репрезентативно ниво.

Во јули 2011 година тој бил назначен за тренер на категоријата за играчи под-18 години на Ковентри Сити, а една година подоцна бил унапреден во тренер на резервистите.

Кариера уреди

Дарби, Ковентри и Блекбурн уреди

Карсли ја започнал својата кариера во Дарби Каунти каде што тој одиграл повеќе од 150 натпревари во сите натпреварувања.[1] Тој бил продаден на Блекбурн Роверс во март 1999 за 4.500.000 £[2] и бил нивниот најдобар стрелец во сезоната 1999-2000, неговата единствена целосна сезона за клубот. Во декември 2000 година тој се преселил во Ковентри Сити за сума од околу 3 милиони £, но по само 14 месеци со клубот тој направил нов трансфер, овој пат во Евертон за 3 милиони фунти.[3]

Евертон уреди

Карсли уживал во измешана среќа за време на неговите први две сезони во Евертон, но во сезоната 2004-05 тој станал повеќе од важен играч за тимот. Тој бил редовен стартер во 4-1-4-1 формацијата, играјќи во предниот дел на одбраната и како последен во средниот ред.[4]

Во декември 2004 година, Карсли постигнал победоносен погодок во 200-тото Мерсисајдско дерби помеѓу Евертон и Ливерпул.[5] Победата на Евертон привремено го одвела клубот до второто место во Премиер лигата. Тој продолжил да се претставува добро и Евертон завршил на четвртата позиција, со што добива влез во третото квалификациско коло на Лигата на шампионите.

Четири минути пред крајот на сезоната 2004-05, за време на натпреварот против Болтон, Карсли бил приморан да го напушти натпреварот поради извртување на коленото. Тој бил способен да продолжи пред стартот на пред-сезонската подготовка, но бил повреден повторно на почетокот на сезоната 2005-06 во претсезонски пријателски натпревар против Фенербахче, поради што бил изваден надвор од терените за уште 5 месеци.

Карсли се вратил во првиот тим на Евертон за гостувањето кај Чарлтон што завршило без голови 0-0 во април 2006 година. Тој играл и во следниот натпревар против Тотенхем и бил стартер против Челзи. Во 46-тата минута, од тој натпревар Карсли добил сомнителен директен црвен картон за прекршок над Дидје Дрогба, заработувајќи суспензија од три натпревари со што ја завршил својата сезона.

На 3 ноември 2007 година Карсли постигнал убав гол во 93-тата минута за Евертон против Бирмингем Сити носејќи му победа на Евертон откако претходно резултатот бил нерешен 1-1. Евертон на крајот победил дури со 3-1.

Бирмингем Сити уреди

Неговиот договор со Евертон требало да истече на крајот од сезоната 2007-08; а претходно тој избрал да не ја прифати понудата за продолжување, и потпишал со клубот од неговиот роден-град Бирмингем Сити во мај 2008.[6] Бидејќи капитенот на клубот Демјан Џонсон требало да биде надвор од акција за неколку месеци поради операција на грбот, Карсли ја започнал сезоната 2008-2009 како капитен.[7] На крајот на сезоната, Бирмингем избориле промоција назад во Премиер лигата, и Карсли ги победил соиграчите освојувајќи ја наградата "играч на сезоната на клубот".[8]

Во ноември 2009 година, тој бил во центарот на контроверзии во натпреварот од Премиер лигата помеѓу Бирмингем и Ливерпул на Енфилд. По неговиот прекршок над Давид Н'Гог, бил досуден пенал за Ливерпул кој Стивен Џерард го претворил во погодок за да го израмни резултатот. Карсли верува дека Н'Гог самиот намерно паднал за да изнуди пенал и тој негов гест го опишал како "срамен случај на мамење".[9][10] По една сезона нарушена од страна на повреда, тој потврдил во април 2010 година дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.[11]

Ковентри Сити уреди

Карсли се вратил во поранешниот клуб Ковентри Сити во јули 2010 година, потпишувајќи едногодишен договор. Тој бил исто така назначен за капитен на клубот од страна на менаџерот Ејди Бутројд. Тој бил ослободен по завршувањето на неговиот договор, по што тој се пензионирал од професионалниот фудбал.

Тренерската кариера уреди

Во јули 2011 година, Карсли бил назначен за тренер на категоријата под-18 години во тимот на Ковентри Сити. Тој ги довел до второто место во ФА Премиер Академи лигата, и тогаш бил промовиран во тренер на резервистите со цел да им помогне да дојдат до првиот тим на клубот. Тој во моментов е вршител на должноста менаџер во Ковентри Сити.

Наводи уреди

  1. „Lee Carsley“. Soccerbase. Centurycomm. Архивирано од изворникот на 2009-04-06. Посетено на 12 November 2009. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  2. „Persistent Coventry land Carsley“. BBC Sport. 1 December 2000. Посетено на 12 November 2009.
  3. „Карсли дојде во Евертон“. BBC Sport. 8 February 2002. Посетено на 12 November 2009.
  4. Lawrenson, Mark (2 November 2004). „Why Everton must keep Eidur down at Bridge“. Liverpool Daily Post. Посетено на 17 November 2008.
  5. „Евертон 1–0 Ливерпул“. BBC Sport. 11 December 2004. Посетено на 17 November 2008.
  6. БиБиСи Спорт, уред. (19 мај 2008). „Карсли се враќа во Бирмингем Сити“. Посетено на 19 мај 2008.
  7. ФК Бирмингем Сити, уред. (21 јули 2008). 10412 ~ 1347946,00 html „Jonty to have op“ Проверете ја вредноста |url= (help). Посетено на 21 јули 2008.[мртва врска]
  8. Ричардс, Енди (15 април 2009 година). „Gala awards night celebrates the true Blues“. Birmingham Mail. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  9. БиБиСи Спорт, уред. (9 ноември 2009). football/teams/b/birmingham_city/8351713.stm „Бирмингем лути на "измамникот" Н'Гог“ Проверете ја вредноста |url= (help). Посетено на 9 ноември 2009.
  10. Хантер, Енди (10 ноември 2009). „David Ngog's 'embarrassing case of cheating' gets Liverpool a draw“. Гардијан. Посетено на 12 ноември 2009.
  11. „Lee Carsley set to leave Birmingham City“. BBC Sport. 28 April 2010. Посетено на 28 April 2010.

Надворешни врски уреди