Утрехт (покраина)
Утрехт (холандски: Utrecht) — покраина во средишна Холандија. Се граничи со Емското Езеро на североисток, покраината Гелдерланд на исток и југоисток, покраината Јужна Холандија на запад и југозапад и покраината Северна Холандија на северозапад и север. Покраината Утрехт брои 1.353.596 жители (2019)[2] и зафаќа површина од 1.485 км2, што ја прави најмала во земјата. Освен истоимениот главен град, поважни градови се Амерсфорт, Хаутен, Ајселстајн, Ниуегајн, Фенендал и Зајст. Во покраината се наоѓа најпрометниот железнички јазол во Холандија — Централната железничка станица на Утрехт.[4]
Утрехт Utrecht | |||
---|---|---|---|
покраини | |||
Утрехт во рамките на Холандија | |||
Земја | Холандија | ||
Главен град (и најголем) | Утрехт | ||
Управа | |||
• Кралев комесар | Ханс Остерс | ||
• Совет | Покраински совет на Утрехт | ||
Површина (2017)[1] | |||
• Вкупна | 1.560 км2 (600 ми2) | ||
• Земјишна | 1.485 км2 (573 ми2) | ||
• Вода | 75 км2 (29 ми2) | ||
Население (2019)[2] | |||
• Вкупно | 1.353.596 | ||
• Густина | 981/км2 (2,540/ми2) | ||
ИЧР (2019) | 0,966[3] многу висок | ||
Мреж. место | provincie-utrecht.nl |
Историја
уредиУтрешката епископија е основана во 695 г. кога св. Вилиброрд бил поставен за епископ на Фризите од папата Сергиј I. Со согласност од франкискиот владетел Пипин Херисталски Вилиброрд се сместил во стара римска тврдина во Утрехт. По неговата смрт епископијата доста настрадала од нападите на Викинзите. Времињата се подобриле под водство на саксонските цареви, кои често ги вклучувале утрешките епископи на царските совети и собранија. Во 1024 г. епископот бил пригласен за кнез во Светото Римско Царство, така создавајќи епископско кнежевство. Со Вормскиот конкордат во 1122 г. правото на бирање владици му било одземено од царот и дадено на свештенството. Грофовите на Холандија и Гелдерн, кои владееле со околните територии исто така пројавиле интерес во изборот на епископ. Ова предизвикало низа спорови во кои често се вмешувала Светата Столица. По средината на XIV век папите непосредно назначувале епископи без да го консултираат свештенството.
За време на Војните помеѓу бакаларите и куките, за Утрехт се борел војводата на Бургундија, што довело до Првата (1470-1474) и Втората утрешка граѓанска војна (1481-1483).
Во 1527 г. епископот му ги продал териториите на царот Карло V и така кнежевството станало дел од хабсбуршките владенија, кои веќе ги опфаќале другите хооландски покраини. Свештенството му го предало правото на избирање епоскоп на Карло V; на ова дал согласност и папата Климент VII под политички притисок по грабежот на Рим. Меѓутоа, Хабсбурговците успале да ја задржат власта само за кратко бидејќи Утрехт зел учество во Холандското востание против шпанскиот крал Филип II во 1579 г. и потоа станал дел од Холандската Република.
Во Втората светска војна Утрехет бил под окупација на Германија сè до германската капитулацијата во оландија на 5 мај 1945 г. На 7 мај 1945 г. прешол под канадска окупација. Градовите Аудеватер, Вурден, Фијанен и Лердам еден по еден биле префрлени од покраината Јужна Холандија во покраината Утрехт во 1970, 1989, 2002 и 2019 г. Во февруари 2011 г. Утрехт изразил желба да биде да биде споен со Северна Холандија и Флеволанд во една нова покраина Рандстад.[5][6] Јужна Холандија исто така изразила интерес, но таа не се споменува во документите.[7][8] Оваа нова покраина во секој случај би била најголема во Холандија по површина и население.
Географија
уредиНа истокот на покраината се протега Утрешкото Ридје (Utrechtse Heuvelrug), венец од ридови останати како странични морени под дејство на леднички мраз по соленото заледникување кои му претходело на последното ледено време. Поради оскудноста на хранливи материи во брзоисцедната песоклива почва, најголемиот дел од земјиштето порано било вресиште, подоцна насадено со борови. Југот на покраината има речни предели. Западот претежно се состои од ливади. На север има големи езера образувани со вадењето на тресет од тресетишта настанати по последното ледено време.
Природа
уредиЕдно од најпривлечние природни подрачја во покраината е Фехтстрек, сместен од обете страни на реката Фехт.
Седиштето на Светскиот фонд за природа во Холандија е во Зајст.
Националната природозаштитна организција „Природа и околина“ (Natuur en Milieu) има седиште во градот Утрехт[9].
Општини
уредиПокраината е поделена на 26 општини:
Религија
уредиВо 2015 г. 20,3 % од жителите биле протестанти, 13,2 % биле католици, 6,6 % припаѓале на други цркви и вери, а 5,6 % биле муслимани. Преку половина од населението (54,3 %) се изјаснило како нерелигиозно.
Стопанство
уредиБруто домашниот производ (БДП) на регионот во 2018 г. изнесувал 71,5 милијарди евра или 9,2 % од вкупното државно производство. Истата година БДП по глава на жител прилагоден на куповната моќ изнесувал 47.900 евра.[10]
Значајни личности
уреди- Адријан VI (1459–1523) — римски папа, единствениот од Холандија[11]
- Кристоф Бајс Балот (1817–1890) — хемичар и метеоролог.[12]
- Пит Мондријан (1872–1944) — сликар
- Герит Ритвелд (1888–1964) — дизајнер на мебел и архитект
- Марко ван Вастен (born 1964) — фудбалер и тренер
- Тео ван Дусбург (1883–1931) — уметник
Наводи
уреди- ↑ „Oppervlakteverdeling van Nederland (2020)“. www.waarstaatjeprovincie.nl (холандски). Архивирано од изворникот на 2020-01-13. Посетено на 2023-09-16.
- ↑ 2,0 2,1 „CBS Statline“.
- ↑ „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 13 септември 2018.
- ↑ „DPG Media Privacy Gate“. myprivacy.dpgmedia.nl.
- ↑ „Drie provincies denken over fusie“. nos.nl. Посетено на 19 март 2018.
- ↑ „Randstadprovincies bekijken fusie“. rtlnieuws. 4 февруари 2011. Посетено на 12 јануари 2019.
- ↑ „Randstadprovincies onderzoeken fusie“. nrc.nl. Посетено на 19 март 2018.
- ↑ „Provincie Zuid-Holland - Nieuwsbericht“. Архивирано од изворникот на 24 јули 2011. Посетено на 13 февруари 2011.
- ↑ „Gezond en Duurzaam-Natuur & Milieu“. Natuur & Milieu. Архивирано од изворникот на 5 јануари 2014. Посетено на 19 март 2018.
- ↑ „Regional GDP per capita ranged from 30% to 263% of the EU average in 2018“. Eurostat.
- ↑ Rockwell, William Walker (1911). . Encyclopædia Britannica. 1 (11. изд.). стр. 215–216, see page 216.
Adrian VI. (Adrian Dedel...1459–1523), pope from 1522 to 1523, was born at Utrecht in March 1459, and....
- ↑ . Encyclopædia Britannica. 4 (11. изд.). 1911. стр. 894.
Надворешни врски
уреди- Утрехт (покраина) на Ризницата ?
- Службена страница на покраината Утрехт (холандски)
- Посетете го регионот Утрехт — туристички портал (англиски)
- Покраината Утрехт на Википатување (англиски)