Пипин Херисталски

Пипин од Херистал, односно Пипин Херисталски, (635/45 – 16 декември 714) бил мајордом на палатата на Австразија од 680 до неговата смрт и на палатата на Неустрија и Бургундија од 687 до 695. Тој исто така бил и првиот мајордом кој владеел како Војвода и принц на Франките и ги засенил меровиншките мрзливи кралеви.

Каролиншка династија
Пипиниди
Арнулфинзи
Каролинзи
По Верденскиот договор (843)

Животопис уреди

Пипин, понекогаш нарекуван Пипин II и Пипин Средниот му бил внук и имењак на Пипин I Стариот произлезен од бракот на ќерката на Пипин I Бега и Ансегизел, синот на Арнулф од Мец. Овој брак ги обединил двете династии - Пипиниди и Арнулфинзи кои ја создале династијата на Каролинзите. Пипин II веројатно е роден во Херстал (поранешно име: Херистал), денешна Белгија (каде бил и центарот на неговата моќ), од каде и потекнува прекарот ("Херисталски").

Како мајордом на Австразија, Пипин и Мартин, војводата од Лан, се бореле со неустрискиот мајордом Еброин. Еброин ги поразил Австразијците кај Лукофао, близу Лан) и малку му недостигало да ги обедини сите Франки под еден владетел; сепак, тој бил убиен во 681, паѓајќи како жртва од комбинираните напади на неговите бројни непријатели. Пипин веднаш направил примирје со неговиот наследник, Варатон.

Сепак, наследникот на Варатон, Бертар, и неустрискиот крал Теодорих III, кој, од 679, бил именуван крал на сите Франки, направил војна во Австразија. Кралот и неговиот мајордом целосно биле поразени во Битката кај Тертри во 687. Бертар и Теодорих се упатиле накај Париз, но по нив дошол Пипин и веројатно ги натерал да потпишат мировен договор под услов Бертар да ја напушти функцијата. Пипин бил прогласен за мајордом на сите три кралства (Австразија, Неустрија, и Бургундија) и почнал да се нарекува Војвода и принц на Франките (dux et princeps Francorum).

 
Сребрена монета од Немфидиј, патријарх на Прованса, 700-710, искована во Марсеј за време на владеењето на Пипин Херисталски.

Следните неколку години Пипин ги поразил Алеманите, Фризите, и Франконците кај кои извршил франкиско влијание. Во 695, Дрого го поставил на местото мајордом на Бургундија а неговиот друг син, Гримоалд, станал мајордом на Неустрија.

 
Свети Хиберт од Лиеж ги нуди своите услуги на Пипин Херисталски.

Брак и потомци уреди

Околу 670, Пипин се оженил со Плектруда. Таа била мајка на Дрого Шампањски и на Гримоалд II, од кои и двајцата починале пред својот татко.

Пипин имал и љубовница која се викала Алпаида (или Халпаида) која му родила уште два сина: Карло и Хилдебранд. Токму пред смртта на Пипин, Плекктруда го убедила да ги остави без наследство синовите од љубовницата во полза на неговиот внук Теудоалд, синот на Гримоалд, кој сè уште бил млад (и под влијание на Плектруда). Пипин умрел ненадејно на постара возраст на 16 декември 714, во Жупиј (денешна Белгија). Неговите легитимни внуци тврделе дека се единствените вистински наследници на Пипин и со помош на Плектруда се обиделе да ги задржат позициите на мајордоми на палатата. Сепак, благородниците биле наклонети кон Карло, особено поради неговите добри воени вештини и поради тоа што им освојувал богатства стекнати во битките. И покрај напорите на Плектруда да го замолчи обидувајќи се да го отруе, тој станал единствениот мајордом на палатата – и ’’де факто’’ владеел со Франкија – после граѓанската војна која траела повеќе од три години по смртта на Пипин.

Извори уреди

Пипин Херисталски
Роден(а): 635 Починал(а): 714
Претходник
Вулфоалд
Мајордом на палатата на Австразија
680–714
Наследник
Теудоалд
Претходник
Бертар
Мајордом на палатата на Неустрија
688–695
Наследник
Гримоалд Помладиот
Мајордом на палатата на Бургундија
688–695
Наследник
Дрого
Претходник
New title
Војвода на Франките
687–714
Наследник
Карло Мартел