Утерзум
Утерзум (германски: Utersum; фериншки: Ödersem; дански: Yttersum) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Во рамките на општината влегува и селото Хедехузум.
Утерзум | |
Сламена куќа во Утерзум | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Месна заед. | Фер-Амрум |
Градоначалник | Јоахим Лоренцен |
Основни податоци | |
Површина | 5,26 км2 |
Надм. височина | 3 м |
Население | 398 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 76 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NF |
Пошт. бр. | 25938 |
Повик. бр. | 04683 |
Портал | www.utersum.de |
Местоположба на Утерзум во рамките на округот Северна Фризија | |
Координати | 54°43′N 8°24′E / 54.717° СГШ; 8.400° ИГД |
Географија
уредиСелото се наоѓа помеѓу борова шума на крајниот југозапад на Фер, со поглед на соседните острови Амрум и Зилт. Тоа е најмалото приморско одморалиште на Фер. Во Утерзум постои санаториум, кој е специјализиран во болестите на белите дробови и во онкологијата и гинекологијата.
Морските птици како сабјарките најчесто ловат долж низините на потокот Годел.
Автобуска линија го поврзува местото со другите села на Фер и со градот Вик.
Историја
уредиТри зачувани долмени сведочат за населбите од бронзеното доба.
Во XVII и XVIII век, китоловството било важна дејност на Фер. Пописот во 1787 година покажал дека Утерзум и Хедехузум заедно имале 294 жители, 62 од нив биле поморци.[2] Како дел од Вестерланд Фер, Утерзум припаѓал на кралската данска енклава и бил директно дел од данската круна, додека Остерланд Фер и Вик припаѓале на Војводството Шлезвиг. Данска го изгубила Шлезвиг од Прусија по Втората шлезвишка војна во 1864 година и Утерзум станал дел од Шлезвиг-Холштајн.[3]
Утерзум, Хедехузум и блиската општина Витзум биле единствените од втората зона на Шлезвишкиот референдум кои гласале за Данска; но бидејќи не се наоѓале на самата граница, останале во Германија.
Наводи
уреди- ↑ „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
- ↑ Faltings, Jan I. (2011). Föhrer Grönlandfahrt im 18. und 19. Jahrhundert (германски). Амрум: Verlag Jens Quedens. стр. 13. ISBN 978-3-924422-95-0.
- ↑ Faltings, Jan I., Föhrer Grönlandfahrt .... p. 30.
Надворешни врски
уреди- Утерзум на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
- Хедехузум Архивирано на 10 јули 2009 г. (германски)