Јован Углеша

(Пренасочено од Угљеша Мрњавчевиќ)

Јован Углеша (14 век) бил средновековен крал, македонски благородник, деспот, господар кој ја создал Серската држава (1365-1371 година), со престолнина во градот Сер. Во територијата на Серската држава спаѓале источниот дел на Македонија, делови од Халкидик, Струмица, Мелник, Места и граничел со имотите на брат му Волкашин. Државата ја создал во 1365 година по примерот на брата си Волкашин.

Јован Углеша
Починал26 септември 1371
Марица
Причина за смртво битка
Звањедеспот, војвода
Вероисповедправославие
Сопружник/циЕлена
Област на крал Волкашин Мрњавчевиќ и деспот Јован Углеша (во 1371 година).

Владеење

уреди

Тој бил син на властелинот Мрњава од Ливно и помал брат на Волкашин.[1] Негова сопруга била Елена-Ефимија - ќерка на Воихна.[2]

Неговото политичко издигнување било поврзано со подемот на неговиот брат Волкашин во Српското царство по смртта на Царот Душан (1355 година). Кон крајот на шестата деценија од 14 век, бил меѓу благородниците на вдовицата на царот Душан, царицата Елена-Елисавета, која управувала со Серската област. Се оженил со ќерката на кесарот Воихна кој бил намесник на градот Драма. Кон средината на шеесетите години ја добил деспотската титула и застанал на чело на Серската држава (околу 1365 година). Ги средил односите со Цариградската патријаршија, на која и изразил готовност да ја признае нејзината јурисдикција на територијата на Серската држава (1368 година).[1]

Учествувал во Косовската битка (1369 година), кога заедно со кралот Волкашин ги поразуваат коалиционите војски на Лазар Хребељановиќ, Никола Алтомановиќ и царот Стефан Урош V.[3] Се обидел да организира поширока коалиција за борба против Турците, кои ги загрозувале источните граници на неговата држава.[1]

Загинал на 26 септември 1371 година во Маричката битка заедно со неговиот брат, Волкашин. Издавал повелби, особено на светогорските манастири, а ковал и сопствени монети.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 464. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 113. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. „УГЛЕША, Јован - Македонска Енциклопедија“. 2021-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-12-19. Посетено на 2021-12-19.

Литература

уреди
  • Константин Јиречек, Српски цар Урош, краљ Вукашин и Дубровчани, Зборник Константина Јиречека, I, Београд, 1959, 341–385;
  • Стојан Новаковиђ, Срби и Турци, Београд, 1960;
  • Георгије Острогорски, Серска област после Душанове смрти, Византија и Словени, Београд, 1970, 435–456;
  • Билјана Ристовска-Јосифовска, Кралот Волкашин и Углеша Мрњавчеви во делото на Мавро Орбини Кралството на Словените, „Балцанославица“, 26–27, 1999–2000, 171–183.