Ефимија (монахиња)
Ефимија (околу 1350 — 1405 година) — позната поетеса, монахиња и сопруга на еден од владетелите на наследството на Цар Душан по неговата смрт, Углеша Мрњавчевиќ со кој живеела во градот Сер, сè до неговото загинување во Битката на Марица. Родена е како ќерка на еден благородник во дворот на Цар Душан, кесар Воихна, а нејзиното име било Елена.
По смртта на својот сопруг, согледувајќи ги последиците од надоаѓањето на османлиските поробувачи, се повлекла во дворот на Кнез Лазар. По смртта на Кнез Лазар на Битката на Косово во 1389 година, со својата роднинка кнегиња Милица управува со Србија во име на младиот наследник Стефан Лазаревиќ, според тогашните канонски обичаи, како и поради сигурноста со Милица се повлекуваат во манастир каде се замонашува и го зема монашкото име Ефимија.
Две биографии
уредиРодена како ќерка на големиот угледник на Цар Душан во неговата престолнина Скопје, името Елена го добила најверојатно во чест на својата стрина, Елена. Татко ѝ Војихне, на Царот Душан му бил братучед и еден од неговите најдоверливи соработници. Угледот и моќта на татко ѝ се од пресудна важност за напредување на браќата Мрњавчевиќ, посебно за нејзиниот сопруг Углеша кој станува владетел на Серската област. По смртта на цар Душан, со сопругот и вдовицата на Царот живее во Сер каде учествува во најважните збиднувања за зачувување на Душановото наследство, дипломатски игри со Византија и затита од идните трагични судири со Османлиите. Елена го родила синот Углеша кој живеел само четири години и бил погребан во гробот на дедо му Војихне во Хиландар. По потреба да се запре герилскиот и сè посилен продор на османлиските освојувачи, Углеша со братот Вукашин поаѓа во битка на реката Марица, каде двајцата загинуваат. По неговата смрт, Византија ја користи ситуацијата и солунскиот Деспот Манојло II го презема управувањето со областа. Елена тогаш заминува во Крушевац, на дворот на своите роднини Хребељановиќи.
Втората пресудна битка против турските освојувачи, Битка на Косово поле донесува значајни промени во живот на младта благородничка. Мудра и верна на својата братучетка Милица, таа со неа презема грижа за земја со десеткувана војска, со малолетен наследник на престолот, со лицемерје, страв и интриги на малкуте благородници што останале по биткта, но и со неумоливата силина на турскиот наследник Бајазит кон кој морале да градат дипломатски мудар однос како би обезбедиле благосостојба и мир. Двете вдовици, Кнегиња Милица и Елена во манастирот Жупања се замонашиле, а подоцна преминале во манастир Љубостиња каде Елена и го зела името Ефимија.
Според сочуванитеизвори Ефимија имала силно влијание на Милица, Константин Филозоф ја истакнал нејзината мудрост и беседништво: „ва многих глаголаних и вештех мудрејшија сушти“. Една од големите заслуги на двете жени е и пренесување на моштите на Света Петка од Трново, тогашната престолнина на Бугарија, кое тогаш веќе било поробено од Бајазит, во 1393 година, во Србија. Не се знае прецизно кога починала, последниот помен за неа се наоѓа во повеља на Стефан Лазаревиќ кој ја нарекува деспотица, госпоѓа и мајка. Во манастирот Љубостиња примила велика схима и го добила името Јевпраксија. Се верува дека е погребана во истиот манастир, како и дека нејзините мошти се наоѓаат во саркофаг до ѕиданата гробница на Кнегиња Милица.[1]
Книжевно наследство
уредиЗад Ефимија се останати три записи, кои се толкуваат како посебен вид на средновековната книжевна традиција „приношенија“ - дарови, кои денес се вбројуваат во поетски форми. Станува збор за записи кои се изработувале на траен материјал како спомен, како израз на тага или огромна љубов кон некој од најблиските.
„Тага за младенецот Углеша“ е впишана на двојна дрвена иконка, била подарена на Манастир Хиландар, пишувана е според византиска традиција како молитва кон Исус и Богородица, а во себе содржи силен лични тон на изразување љубов и болка поради прераната загуба на својот син.
Запис на Хиландарска завеса, везен е со златна и сребрена жица, тоа е запис со религиозна содржина напишан воочи на причестување.
„Пофалба на кнезот Лазар“ извезена е како прекривка ќивот за ковчегот на Кнез Лазар. „Пофалбата“ е извезена во 1402 година пред Битката кај Ангора во која учествувале синовите на Лазар како вазали на Бајазит. Во првиот дел во стил на посткосовска традиција, Ефимија го величи делото на Лазар кој со својата смрт му се посветил на „царство небесно“ и го убил непријателот („змију убио“) со што бил окитен со венец на маченик.
Јефимиј му се обраќа потоа на возвишениот владетел да измоли кај Господ помош и заштита за своите синови. Во тој дел Јефимиј ги набројува светците воини (Георгиј, Димитриј, Теодор Стратилат, Теодор Тирон, Меркурие и Прокопие) барајќи помош и од нив за младите лазаревиќи кои тргнале во војна против крвавиот тиранин „Тумур Ленк“, Тамерлан, Тумур, Тамерлан Ибн Таргај Барлас, во персиско-арапска: форма تیمور - Teymūr.
Во завршниот дел на „Пофалбата“, Ефимија ја изразува личната благодарност на Лазар кој ја примил на двор и ја хранел и тешел. Овој пат го моли да ја стивне лутата бура, страдања и глад кои станале реалност со османлиските освојувања.
Наводи
уреди- ↑ -{Срђан Ђурић, Љубостиња (Просвета, Републички завод за заштиту споменика културе, Београд 1985. )COBISS.SR-ID 48827399[мртва врска]}-