Османлии или Отоманци — поим кој го означува турскојазичното население на Отоманското Царство. Своето име го добиле по Осман I, кој се смета и за основател на Османлиското царство. Овие Турци водат потекло од Селџуците, кои во 11 век на просториите на денешните Иран и Ирак создале своја држава. Со пропаѓањето на Отоманското Царство, Отоманците се „претопиле“ во денешните Турци.

Османлии
Вкупен број
11.692.480 (1520)[1]
15.000.000(1566)[2]
30.000.000 (1683)[3]
7.230.660(1831)[1]
35.350.000 (1856) [1]
17.388.604 (1881)[1]
20.884.000 (1906) [1]
18.520.000 (1914)
14.629.000 (1919)
Подрачја со значајно население
Јазици
Отомански турски јазик
Вероисповед
Ислам
Сродни народи
туркиски народи.

Потекло и историја

уреди

Потеклото на Отоманците може да се проследи назад во 11 век, кога на територијата на Анадолија опстојувале неколку мали муслимански емирати со туркиско потекло. Главната цел на овие т.н. Анадолски бејлици била да ги одбранат своите територии од страна на Византија. Во текот на тој период, во освоените земји во Анадолија се населеле голем број на туркиски народи.[4] Меѓутоа, во 1073 година и победата на Селџучкото Царство во Битката кај Манцикерт, овие анадолски бејлици добиле можност да прогласат своја независност од Селџуците. Меѓу овие помали кнежевства било и кнежевството со престолнина во Согут. Тоа било предводено од страна на Ертугрул. Кога во 1281 година починал, неговиот син Осман станал негов наследник.

Население

уреди

Вкупниот број на население на Отоманското Царство до ден-денес претставува прашање кое е дебатирано од страна на голем број истражувачи и историчари. За речиси половина милениум од своето постоење, населението на Отоманското царство не можело точно да се пресмета, освен доколку се исклучат бројките за работната сила. Ова главно се должело на постојаното менување на границите на царството, како и на неброењето на сите жители кои живееле во неа. Ова пред сè се однесува на жените, кои никогаш не биле броени во неофицијалните пописи. Првиот официјален попис на населението се случил од 1881 до 1893 година. По завршувањето на пописот било познато кои се основните етнички групи кои живееле во царството: покрај муслиманите, во царството живееле и Грци, Ерменци, Бугари, католици, Евреи, протестанти, Латини, Цигани и други.[5][6] Нов попис на населението бил направен во периодот од 1905 до 1906 година.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 M. Kabadayı, Inventory for the Ottoman Empire / Turkish Republic 1500-2000
  2. L. Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, 206
  3. L. Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, 281
  4. Malcolm Holt, Peter; Ann K. S. Lambton, Bernard Lewis (1977). The Cambridge History of Islamy. Cambridge University Press. стр. 231–232. ISBN 0-5212-9135-6.
  5. Karpat, 1978 & pp.237-274
  6. Shaw, 1978 & p.323-338