Евенскиот јазик (эвэды торэн) е тунгуски јазик што го зборуваат Евените во Сибир, Русија. Го зборуваат расштркани заедници на сточари на ирваси од Камчатка и Охотското Море на исток до реката Лена на запад и од арктичкиот брег на север до реката Алдан на југ. Евенскиот е загрозен јазик со само околу 5.700 говорници (според рускиот пописод 2010). Овие говорници се наоѓаат во регионот на Магадан, Чукотскиот регион и регионот Корјак.[1]

Евенски јазик
эвэды торэн
Застапен воРусија
Народ21,800 Евени (попис 2010)
Говорници5.660 (попис 2010)  
Јазично семејство
тунгуски
  • северни
    • евенски јазик
Писмокирилица
Јазични кодови
ISO 639-3eve
{{{mapalt2}}}
Евенскиот е класифициран како екстремно загрозен јазик од УНЕСКО

Во регионите каде што примарно живеат Евните, јазикот генерално се изучува во претучилишното и основното образование, заедно со националниот јазик, рускиот. [2]

Дијалекти

уреди

Дијалектите на јазикот се армански, индигиркански, камчаткански, колиманско-омолонски, охотски, олански, томпонски, горноколоимски, сакирирски и ламунхински.[3]

Јазичен контакт

уреди

Во некои изолирани арктички села, каде населението потекнува од мешани руско-евенски бракови, дијалектот бил воглавно руски со огромно евенско влијание.[4]

Фонологија

уреди
самогласки
предни централни задни
затворени i iː
ɪ ɪː
u uː
ʊ ʊː
средни e eː ə əː o oː
ɔ ɔː
отворени a aː
согласки[5]
уснени венечни преднонепчени заднонепчени ресични гласилни
носни m n ɲ ŋ
експлозивни/
слеани
безвучни p t t͡ʃ k ~ (q)
звучни b d d͡ʒ g ~ (ɣ)
струјни s h
вевни r
апроксимантни ʋ ~ w l j

[ɣ], и [q] се алофони на /ɡ/ и /k/.[6]

Писмо

уреди
Кирилица
А а Ӑ ӑ Б б В в Г г Д д Е е Ё ё
Ж ж З з И и Й й К к Л л М м Н н
Ӈ ӈ О о Ө ө Ӫ ӫ Ӧ ӧ П п Р р С с
Т т У у Ф ф Х х Ц ц Ч ч Ш ш Щ щ
Ъ ъ Ы ы Ь ь Э э Ю ю Я я
Латиница
A a A‘ a‘ Aw aw B b Ch ch D d E e F f
G g G‘ g‘ H h I ı İ i J j K k L l
M m N n N‘ n‘ O o O‘ o‘ P p Q q R r
S s Sh sh T t U u U‘ u‘ V v W w X x
Y y Z z

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Even (Lamut) language and alphabet“. www.omniglot.com. Посетено на 2017-02-08.
  2. „Endangered Languages of Siberia - The Even Language“. lingsib.iea.ras.ru. Посетено на 2017-02-09.
  3. Raymond G. Gordon Jr., ed. 2005. Ethnologue: Languages of the World. 15th edition. Dallas: Summer Institute of Linguistics.
  4. Russian dialects in East Siberia and Kamchatka. Reviews such publications as: A. Krasovitsky and Ch. Sappok. "The Isolated Russian Dialectal System in Contact with Tungus Languages in Siberia and Far East"; A.Krasovitsky. "Prosody of Statements in the Speech of Old Settlers in the Polar Region".
  5. Kim, Juwon. 2011.
  6. Aralova, Natalia (2015). Vowel harmony in two Even dialects: Production and perception.

Надворешни врски

уреди