Јапонските јазици се јазично семејство каде спаѓа јапонскиот што се говори на главните острови на Јапонија како и рјукјуанските јазици од островската група Рјукју. Поимот „јапонски јазици“ (Japonic languages) го вовел американскиот лингвист Леон Серафим.[1] Заедничкиот предок на јазиците се нарекува прајапонски јазик.[2] Главен елемент на оваа класификација е првото подвојување во семејството, со што сите јапонски наречја од говорите на рјукјуанскиот. Според Широ Хатори, ова одделување се случило за време на Јаматскиот период (250–710).[3]

Јапонски
Географска
распространетост:
 Јапонија
Класификација:нејасно, можеби алтајско
Гранки:
преткарска (предгајска)?
Ethnologue:17-1710
ISO 639-2 и 639-5:jpx

Карта на јапонските јазици

Академската расправа за потеклото на јапонските јазици има ред неразрешени прашања.[4] Најјасни врски дава топонимијата во јужна Кореја, која може да е од кајско (карско) потекло, или пак од некои други мошне слабо евидентирани јазици.[5]

Јазици

уреди

Јапонските (или јапонско-рјукјуански) јазици се следниве:

Беквит приложува и топонимски материјал од јужна Кореја како доказ за присуството на древен јапонски јазик во тоа подрачје:[6]

  • јајојски
    • јапонски
    • преткарски
  • рјукјуански

Не е јасно дали „преткарскиот“ има врска со јазикот на подоцнежниот сојуз Гаја (Кара).

Наводи

уреди
  1. Shimabukuro, Moriyo. (2007). The Accentual History of the Japanese and Ryukyuan Languages: a Reconstruction, стр. 1.
  2. Miyake, Marc Hideo. (2008). Old Japanese: a Phonetic Reconstruction. стр. 66., p. 66, при Гугл книги
  3. Heinrich, Patrick. "What leaves a mark should no longer stain: Progressive erasure and reversing language shift activities in the Ryukyu Islands," Архивирано на 16 мај 2011 г. First International Small Island Cultures Conference at Kagoshima University, Centre for the Pacific Islands, 7–10 февруари 2005; наведувајќи го Широ Хатори. (1954) Генго нендајгаку сунавачи гој токејгаку но хохо ни цујте („За методот на глотохронологија и лексикостатистика“), Генго кенкју (Journal of the Linguistic Society of Japan), Том 26/27.
  4. Blench, Roger M. (2008). Archaeology and language, Том 2 , стр. 201., p. 201, при Гугл книги
  5. Christopher I. Beckwith, Empires of the Silk Road: A History of Central Eurasia from the Bronze Age to the Present (Princeton University Press, 2009: ISBN 978-0-691-13589-2), стр. 105
  6. Christopher Beckwith, 2007, Koguryo, the Language of Japan's Continental Relatives, стр. 27–28

Надворешни врски

уреди