Три билборди пред Ебинг, Мисури
Три билборди пред Ебинг, Мисури (англиски: Three Billboards Outside Ebbing, Missouri) — британско-американски филм од 2017 година, напишан, продуциран и режиран од Мартин Мекдона. Главната улога во филмот ја толкува Франсес Мекдорманд, која игра улога на мајка која изнајмува три билборди за да привлече внимание за нерешеното убиство на нејзината ќерка. Во споредните улоги се појавуваат Вуди Харелсон, Сем Роквел, Аби Корниш, Џон Хокс и Питер Динклиџ.
„Три билборди пред Ебинг, Мисури“ | |
---|---|
Режисер | Мартин Мекдона |
Продуцент |
|
Сценарист | Мартин Мекдона |
Главни улоги | |
Музика | Картер Бурвел |
Кинематографија | Бен Дејвис |
Монтажа | Џон Грегори |
Студио |
|
Дистрибутер | Fox Searchlight Pictures |
Премиера | 4 септември 2017(Венецијански фестивал) 10 ноември 2017 (САД) 12 јануари 2018 (Обединето Кралство) |
Времетраење | 115 минути[2] |
Земја | САД Обединето Кралство |
Јазик | англиски |
Буџет | 12 милиони долари[3] |
Бруто заработка | 131 милиони долари[4] |
Филмот премиерно бил прикажан на венецијанскиот филмски фестивал на 4 септември 2017 година; во САД бил премиерно прикажан на 10 ноември 2017 година, а во Обединетото Кралство на 12 јануари 2018 година од страна на Fox Searchlight Pictures. Во Македонија, филмот премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал „Синедејс“, на 18 ноември 2017 година, а низ кино-салите започнал да се прикажува на 1 март 2018 година.[5] Филмот наишол на пофални критики за сценариото и режијата на Мекдона, како и за изведбите на Мекдорманд, Харелсон и Роквел, а остварил заработка од 131 милион долари во светски рамки.
Три билборди пред Ебинг, Мисури бил кандидиран за наградата „Оскар“ на 90. доделување на наградите Оскар, и тоа во седум категории, вклучително и најдобар филм и најдобро оригинално сценарио, а добил две награди, и тоа во категориите: најдобра глумица (за Мекдорманд) и најдобар спореден глумец (за Роквел). На 75. доделување на наградите „Златен глобус“, филмот победил во категориите најдобар филм – драма, најдобра глумица во драма (Мекдорманд), најдобар спореден глумец (Роквел) и најдобро сценарио. На 71. доделување на наградите БАФТА, филмот добил пет награди, вклучително и онаа за најдобар филм. Вкупно, филмот осовил 112 награди, а имал 200 номинации.[6]
Синпосис
уредиМилдред Хејс (ја игра Мекдорманд) ја оплакува смртта на својата млада ќерка Анџела (ја игра Кетрин Њутон), која пред седум месеци била брутално силувана и убиена. Бесна поради тоа што истрагата тапка во место, таа решава да ги преземе работите во свои раце изнајмувајќи три големи билборди во близина на својот дом, на кои на делови пишува: „Силувана додека умирала“, „И сè уште нема притворени?“, и „Што се случува, шерифе Вилоуби?“. Наведените билборди предизвикуваат немир кај сограѓаните, но и кај шерифот Бил Вилоуби (го игра Харелсон) и полицаецот Џејсон Диксон (го игра Роквел).[7] Нивното мислење дека билбордите се навредливи е поткрепено со фактот дека речиси сите знаат дека Вилоуби умира од рак на панкреасот. Милдред и нејзиниот депресивен син Роби (го игра Лукас Хеџес) постојано се мета на закани и навреди, но и покрај тоа што Роби го менува своето мислење, Милдред останува цврста на своите убедувања.
Иако Вилоуби сочувствува со нејзината фрустрација, тој исто така смета дека билбордите претставуваат неправеден напад на неговиот лик. Разлутен поради тоа што Милдред не го почитува неговиот авторитет, Диксон во исто време му се заканува на Ред Велби (го игра Кејлеб Ландри Џонс), човекот од кој Милдред ги изнајми билбордите, а исто така ја притворува нејзината пријателка Денис (ја игра Аманда Ворен). Милдред наскоро ја посетува и нејзиниот поранешен сопруг насилник, Чарли (го игра Џон Хокс), кој ја обвинува за смртта на нивната ќерка.
Вилоуби ја води Милдред во полициска станица поради тоа што таа го напаѓа својот стоматолог. Во текот на испрашувањето, Вилоуби искашлува крв. Спротивно на советите на докторите, тој ја напуша болницата и поминува совршен ден со својата сопруга Ен и со ќерките, пред да изврши самоубиство доцна во ноќта. Тој остава проштални писма за неколку луѓе, вклучително и за Милдред во кое ѝ објаснува дека таа не е причината за неговото самоубиство и ја известува дека тајно платил наемнина за билбордите за уште еден месец. Во својата продавница, Милдред претрпува закани од еден странец. На веста за смртта на Вилоуби, Диксон реагира стресно, ги напаѓа Ред Велби и неговата секретарка, а потоа го фрла Ред низ прозорецот. Сведок на нападот е Аберкромбри, кој е замена за шерифот Вилоуби и тој веднаш му дава отказ на Диксон.
Наскор,о некој ги запалува трите билборди и од пожарот тие се уништени. Милдред се одмаздува со фрлање на молотови коктели на полициската станица за која смета дека во тој момент е празна. Меѓутоа, таму се наоѓа Диксон кој во тој момент го чита писмото оставено од Вилоуби во кое тој го советува да ја остави омразата која го исполнува и да научи да сака, бидејќи тоа е единствениот начин да дојде до тоа што најмногу го сака во животот - да стане детектив. Диксон бега од пожарот земајќи го во рацете досието за убиството на Анџела, добивајќи тешки изгореници. Џејмс, познаник на Милдред, е сведок на целиот настан, но во текот на испитувањето тој ѝ дава алиби на Милдред, изјавувајќи дека двајцата биле излезени заедно. Диксон е префрлен во болница, во иста соба со Ред Велби, на кого му се извинува.
По излегувањето од болницата, Диксон во бар го слуша човекот кој претходно и се закануваше на Милдред во нејзината продавница како зборува за инцидент кој наликува на убиството на Анџела. Тој на автомобилските таблички гледа дека човекот е од Ајдахо и предизвикува тепачка за да дојде до неговата ДНК под ноктите. Во меѓувреме, Милдред е на вистински состанок со Џејмс, заблагодарувајќи му се за лажното алиби; во текот на вечерта во истиот ресторан доаѓа Чарли со својата 19-годишна девојка Пенелопа, кој ѝ признава на Милдред дека тој ги запалил билбордите. Милдред му вели да се однесува подобро со Пенелопа и го напушта ресторанот.
Аберкромби го известува Диксон дека анализата на ДНК покажала дека непознатиот човек нема поврзаност со убиството на Анџела и дека за време на убиството тој бил на воена должност надвор од државата. Милдред и Диксон заклучуваат дека човекот мора да е виновен за некое друго силување и двајцата се упатуваат во Ајдахо да го убијат. Во текот на патувањето, Милдред признава дека таа е виновна за пожарот во полициската станица, а Диксон ѝ одговара дека тоа не е никакво изненадување. Двајцата искажуваат воздржаност за нивната мисија и се сложуваат да одлучат што точно ќе направат во текот на патувањето.
Улоги
уреди- Франсес Мекдорманд како Милдред Хејс
- Вуди Харелсон како Вилијам 'Бил' Вилоуби
- Сем Роквел како Џејсон Диксон
- Аби Корниш како Ен Вилоуби
- Џон Хокс како Чарли Хејс
- Питер Динклиџ како Џејмс
- Кејлеб Ландри Џонс како Ред Велби
- Кери Кондон како Памела
- Дарел Брит-Гибсон како Џером
- Лукас Хеџс како Роби Хејс
- Жељко Иванек како Седрик Коноли
- Аманда Ворен како Денис
- Кетрин Њутон како Енџела Хејс
- Самара Вивинг како Пенелопа
- Кларк Питерс како Аберкромби
Продукција
уредиМекдона инспирација за сценариото на филмот добил откако видел билборди со нерешени злосторства додека патувал некаде околу Џорџија, Флорида и Алабама".[8] За случајот кој го инспирираше филмот, Мекдона изјавил: „Бесот кој бил потребен за да се постават такви билборди беше речиси видлив и тоа беше нешто што ми остана во сеќавање“.[9] За пишувањето на сценариото, Мекдона истакнал: „оној момент кога одлучив дека ликот кој ги поставува билбордите е мајка, се си дојде на свое место“.[9]
Ликот Милдред бил напишан директно за глумицата Франсес Мекдорманд,[10] исто како што и ликот Диксон бил напишан посебно за Сем Роквел.[10] Мекдорманд првично сметала дека нејзиниот лик треба да биде баба, но Мекдона не се согласил бидејќи тоа во голема мера би ја променило приказната.[10][11] На крајот нејзиниот сопруг Џоел Коен ја убедил без обзир на се да ја прифати улогата.[10] Мекдорманд инспирацијата за својот лик ја пронашла во Џон Вејн. Роквел инспирација пронашол во Ли Марвин кој во филмот Човекот што го уби Либерти Валанс глуми наспроти Вејн, и истакнал дека својот лик сака да го направи „целосно спротивен“ во однос на Милдред.[10]
Насловниот град Ебинг, во државата Мисури, е измислен.[12] Снимањето започнало на 2 мај 2016 година во Силва, Северна Каролина,[13] и траело 33 денови.[14]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Film releases“. Variety Insight. Посетено на July 3, 2017.
- ↑ „THREE BILLBOARDS OUTSIDE EBBING, MISSOURI (15)“. British Board of Film Classification. November 2, 2017. Архивирано од изворникот на 2018-02-23. Посетено на January 21, 2018.
- ↑ D'Alessandro, Anthony (December 1, 2017). „Exhibition Rings Up Fox Searchlight To Expand 'Three Billboards' Coast To Coast – Box Office“. Deadline.com. Посетено на December 1, 2017.
- ↑ „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri (2017)“. Box Office Mojo. Посетено на February 25, 2018.
- ↑ Три билборди пред Ебинг Мисури во македонските кина[мртва врска] Вечер; 26 февруари 2018
- ↑ IMDB, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri (2017) Awards (пристапено на 24 ноември 2018)
- ↑ Three Billboards Outside Ebbing, Missouri (2017) (пристапено на 24 ноември 2018)
- ↑ Pruner, Aaron. „'Three Billboards Outside Ebbing, Missouri' Director Martin McDonagh on the Story That Inspired His Film [Interview]“. Slashfilm. Посетено на 13. prosinca 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 9,0 9,1 Radish, Christina. „Martin McDonagh on Directing 'Three Billboards Outside Ebbing, Missouri' and Writing for Frances McDormand“. Collider. Посетено на 13. prosinca 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 Fear, David. „Signs of the Times: Inside 'Three Billboards Outside Ebbing, Missouri'“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2018-06-20. Посетено на 14. prosinca 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ MCGOVERN, JOE. „Frances McDormand talks her love for 'rhythmic profanity' — and reveals her favorite curse word“. Entertainment Weekly. Посетено на 14. prosinca 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ ЕБИНГ, МИСУРИ НЕ ПОСТОИ НА МАПА, „ТРИ БИЛБОРДИ“ Е СНИМЕН ВО СЕВЕРНА КАРОЛИНА smart.sdk.mk; 26 јануари 2018
- ↑ Saylor, Jennifer (May 3, 2016). „Big movie comes to Sylva: shooting dates for 'Three Billboards'“. WLOS News 13. Посетено на May 6, 2016.
- ↑ Brooks, Brian (November 9, 2017). „Searchlight Posts 'Three Billboards'; The Orchard Has Norway's 'Thelma' – Specialty B.O. Preview“. Deadline.com. Посетено на November 28, 2017.