Тракиско Море
северен дел од Егејското Море
(Пренасочено од Тракиското Море)
Тракиско Море (грчки: Θρακικό Πέλαγος, Тракико Пелагос; турски: Trakya Denizi, Тракија Денизи) — северен дел од Егејското Море на бреговите на источна Егејска Македонија, Тракија и северозападна Турција. Сето море лежи северно од 40 СГШ. Од исток до запад се протега од 23° ИГД до приближно 25,8° ИГД или од Струмскиот Залив од запад со најсеверниот дел на полуостровот Галиполе на исток, а во правец север-југ од 40,25°N до 41° СГШ, односно од Дарданелите (Турција) на север до границата помеѓу Скечанскиот и Родопскиот округ Западна Тракија, Грција.
Поважни острови
уредиВо морето се сместени следниве острови:
- Тасос, Егејска Македонија
- Самотракија, Западна Тракија
- Ѓокчеада (Имврос), Турција
- Бозџаада (Тенедос), Турција
Заливи
уредиПоважни заливи на Тракиското Море се:
- Херсовски Залив, Егејска Македонија
- Струмски Залив, Егејска Македонија
- Кавалски Залив, Егејска Македонија
- Сароски Залив, Турција
Сливни реки
уредиВо морето се слеваат следниве реки:
Позначајни пристанишни градови
уредиНа морето излегуваат следниве поважни градови со стопански пристаништа: