Тракај — историски град и езерско одморалиште во Литванија. Градот се наоѓа 28 километри западно од Вилнус, главниот град на Литванија. Поради близината до Вилнус, Тракај е популарно туристичко одредиште. Тракај е административен центар на Тракајскиот реон. Во 2010 година, во градот живеле 5,266 лица.[1]

Тракај
Град
Мост и Тракајскиот замок
Грб на Тракај
Тракај is located in Литванија
Тракај
Тракај
Местоположба во Литванија
Координати: 54°38′0″N 24°56′0″E / 54.63333° СГШ; 24.93333° ИГД / 54.63333; 24.93333
Држава Литванија
Округ Вилнушки округ
ОпштинаТракајски реон
Првпат спомнат1337 г.
Градски права од1409 г.
Површина
 • Вкупна11,5 км2 (44 ми2)
Надм. вис.&10000000000000125000000125 м
Население (2010)
 • Вкупно5.266
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски кодLT-21001

Значајна одлика за Тракај е тоа дека градот бил изграден и зачуван од луѓе од различни националности. Од историска гледна точка, заедници на Караими, Татари, Литванци, Руси, Евреи и Полјаци живееле тука.

Имиња

уреди

Името на градот првпат било забележано во хроники од 1337 година на германски јазик како Tracken, изведено од литванскиот збор trakai (еднина: trakas што означува лединка). Во периодот на Полско-литванската Државна Заедница, градот исто така бил познат како Троки во полскиот јазик. Други алтернативни имиња биле Трок (јидиш),[2] и Траки.[3][4][5]

Демографски податоци

уреди

Мнозинството жители на Тракај (66.5%) се Литванци, а покрај нив во градот влијателни заедници имаат Полјаците (19%), како и Русите (8.87%).[6] Низ историјата, градот имал значително караимско население.

Географија

уреди
 
Тракајскиот замок

Постојат околу 200 езера во регионот, од кои најдлабоко езеро (46.7 м) е Галве, кое има 21 остров и покрива површина од 3.88 км2. На територијата на регионот се отворени историскиот национален парк Тракај и регионалниот парк Аукштадварис.

Историскиот национален парк Тракај бил основан на 23 април 1991 година со цел да се зачува Тракај како центар на литванската државност како и неговата автентична природа. Територијата на паркот зафаќа површина од 82 км2, од кои 34 км2 се покриени од шуми, додека 130 км2 се покриени од езера.

Регионалниот парк Аукштадврис бил основан во 1992 година со цел зачувување на вредните предели на Веркне и горните текови на реката Стрева. Површината на паркот е 153.50 км2, од кој најголемиот дел се шумски предели. Во склоп на паркот се 72 езера, од кои најголемо е Вилкокпниското Езеро.

Тракај е град изграден на вода. Градот е опкружен од езрата Лука (Бернардинаи), Тоторишкес, Галве, Акмена и Гилушис. Постојат бројни архитектонски, културни и историски споменици во Тракај. Историскиот музеј во замокот бил отворен во 1962 година. Фестивали и концерти се случуваат во Тракајскиот замок во лето.

Историја

уреди

Почетоци

уреди

Првата населба во оваа област се појавила рано во првиот милениум од нашата ера. Градот, како и околината, започнале да се развиваат во 13. век на местото на Сениеји Тракај (Стариот Тракај). Според една легенда, по успешната ловечка забава, големиот кнез Гедиминас открил прекрасно место опкружено со езера не далеку од Кернаве, тогашниот главен град на Големото Кнежевство Литванија, и одлучил да изгради замок на местото. Вака настанал стариот тракајски замок во Сениеји Тракај. Името на Тракај првпат било спомнато во хроники на тевтонските витези во 1337 година. Оваа година се смета дека е службен датум на основањето на градот. Кога големиот војвода Гедиминас конечно се населил во Вилнус, стариот Тракај бил наследен од неговиот син, кнезот Киејстут. Тракајското кнежевство се развило и градот влегол во своите најдобри децении.

Златна доба

уреди
 
Стариот полуостровски замок

Големиот кнез Киејстут го преселил градот од Сениеји Тракај на сегашното место, кое уште е познато како Нов Тракај. Новата локација била место на интензивни изградби: бил изгрден нов замок во теснецот помеѓу езерата Галве и Лука познат како Полуостровски замок, и друг, познат како Островски замок, на островот во езерото Галве. Околу замоците се појавило село. Околината на Тракај била заштитена od стариот тракајски замок, како и од заштитините градини во Стрева, Бражуоле и Данилишкес од нападите на тевтонските витези. И покрај заштитата, двата дрвени замоци биле успешно нападнати од тевтонските витези неколкупати по ред.

Градот бил во центарот на конфликтот помеѓу големиот кнез Јагело (подоцна ќе стане крал на Полска) со неговиот чичко Киејстут. Во 1382 година војските на Јагело и Киејстут се сретнале близу Тракај, но Јагело го надмудрил Киејстут и го притворил во Крва. Неколку недели подоцна Киејстут починал во заробеништво и Јагело ги предал замоците на својот брат Скиргајло, кој станал владетел на регионот Литванија. Сепак, неговото владеење било накратко прекинато кога во 1383 година здружени сили на Витовт, синот на Киејстут и тевтонските витези го зазеле градот. Во 1392 година Витовт и Јагело го потпишале островскиот договор со што ставиле крај на кавгата. Витовт станал голем војвода на Литванија додека Јагео технички останал негов надреден. Витовт исто така ги добил земјиштата на неговиот татко, вклучувајќи го и Тракај. И покрај тоа што негова официјална престолнина бил Вилнус, Витовт повеќе време поминувал во Тракај. Во раниот 5. век тој го заменил стариот, дрвен замок со замок изграден од камен. Некои елементи биле позајмени од замоците на тевтонските витези бидејќи Витовт поминал некое време со тевтонците создавајќи сојуз против Јагело претходно.

 
Типична караимска куќа со три прозорци во Тракај

Тракај станал политички и административен центар на кнежевството, понекогаш нарекуван де факто престолнина на Литванија.[7] Изградбата на замоци од тули била завршена и била изградена католичка црква. Во 1409 година градот се здобил со градски привилегии; бил еден од првите градови во Литванија кој добил градски права. Селото започнало забрзано да се претвора во град. Во 1413 годин, Тракај станал седиште на Тракајското војводство и значаен центар на администрација и трговија.

Пад и обнова

уреди
 
Старата зграда на поштата
 
Дворецот Тишкевичеј

Откако Големото Кнежевство Литванија се приклучило на Полското Кралство во Полско-литванската Државна Заедница во 1569 година, замоците останае кралски имот, но важноста на градот постепено се намалувала, поради тоа што блискиот Вилнус и политичкиот центар на унијата во Краков биле далеку поважни. Сепак, градот продолжил да биде седиште на локалниот Сејмик. Во полски извори градот започнал да се нарекува Троки. Во 1477 година, замокот на езерото бил место за средба на кралот Казимир IV со венецијанските гласници. Потоа замокот станал луксузен затвор за политички затвореници. Зигмунд I Стариот ги притворил членовите на семејството Гаштолиди, за кое верувал дека заговара со Михаел Глински. Исто така и Хелена, вдовицата на Александар Јагелончик била чувана таму за да се спречи нејзиното бегство во Москва. Замокот бил реновиран од страна на Зигмунд I Стариот, кој ја изградил својата летна резиденција тука; сепак, по неговата смрт во 1548 година замокот постепено станувал запуштен.

Во текот на војните помеѓу Русија и Полска помеѓу 1654 и 1667 година, градот бил ограбен и изгорен. Како последица од војната со Големото Московско Кнежевство во 1655 година, двата замоци биле уништени и просперитетот на градот завршил. Урнатините од замокот останале историска знаменитост. Во текот на Големата северна војна (1700–1721) Тракај бил повторно ограбен, а исто така во градот имало глад и чума.

 
Троки - пејзаж (поглед на караимската банка[8]), 1904 г., акварел на хартија од Станишлав Машловски

По поделбите на Полска во 1795 година, областа била припоена кон Царска Русија. По првата светска војна, областа станала дел од Република Полска. Во 1929 година, полските власти наредиле реконструкција и реставрација на Тракајскиот островски замок. Работите во горниот замок биле речиси завршени во 1939 година, кога започнала полската одбранбена војна и областа набрзо била припоена кон Советскиот Сојуз, а потоа кон Нацистичка Германија во текот на операција Барбоса. За време на војната, повеќе од 5,000 Евреи од Тракајскиот регион биле убиени од нацистите. Во 1944 година, во текот на операција Бура, градот бил ослободен од здружените сили на Армија Крајова и советските партизани. По втората светска година градот повторно бил припоен кон Советскиот Сојуз и станал дел од Литванската ССР во Советскиот Сојуз; подоцна голем дел од полските жители во градот и во регионот заминале да ги населат повратените територии во Народна Република Полска.

Во 1961 година, реконструкцијата на горниот замок и високата кула биле завршени; сепак, градежните работи биле стопирани поради говорот на Никита Хрушчов на 21 декември 1960 година. Советскиот прв секретар изјавил дека реконструкцијата на замокот ќе биде знак на величење на литванското феудално минато. Реконструкцијата на долниот замок не започнала сè до 1980 години и била завшрена од литванските власти во раните 1990 години. Денес Тракајсиот островски замок служи како главна туристичка атркација, одржувајќи различни културни настани како опери и концерти.

Караимска заедница

уреди
 
Караимската синагога

Караимите (или Караитите) се мала религиозна и етничка група од турско говорно подрачје здомена во Тракај од големиот кнез Витовт во 1397 и 1398 година од Крим, по една од неговите успешни војни против Златната Орда. На двете заедници, христијанската и караимската им биле доделени одделни самоуправи во сослгасност со магдебуршките права. И покрај сè поголемата полонизација, Тракај останал значаен центар на караимската култура и религиозен живот. Некои од Караимите се збогатиле и станале благородници.

Локалната караимска заедница, ’рбетот на економијата на градот, настрадала сериозно во текот на хмелничкото востание и масакрите од 1648 година. До 1680 година, само 30 караимски семејства биле останати во градот. Нивните традиции, вклучувајќи го неприфаќањето на неофити, ја спречиле заедницата да ја врати својата сила. Рано во војните во 18. век, глад, и чума ги намалиле Караимите на само три семејства. До 1765 година караимската заедница се зголемила на 300 лица. Тракајската кенеса (синагога) е редок примерок на преживеана дрвена синагога со внатрешна купола.[9]

Кибинај, традиционално караимско пециво, станало локален специјалитет и се споменува во туристичките водичи.[10]

Збратимени градови

уреди

Тракај е збратимен со:

Спорт

уреди

Наводи

уреди
  1. © Department of Statistics to the Government of the Republic of Lithuania Архивирано на 7 јули 2012 г. M3010210: Population at the beginning of the year.
  2. Dov Levin (October 2000). The Litvaks: a short history of the Jews in Lithuania. Berghahn Books. стр. 23. ISBN 978-1-57181-264-3. Посетено на 23 March 2011.
  3. Isidore Singer; Cyrus Adler (1912). The Jewish encyclopedia: a descriptive record of the history, religion, literature, and customs of the Jewish people from the earliest times to the present day. Funk and Wagnalls. стр. 264. Посетено на 23 March 2011.
  4. J. E. Kaufmann; H. W. Kaufmann; Robert M. Jurga (13 April 2004). The medieval fortress: castles, forts and walled cities of the Middle Ages. Da Capo Press. стр. 263. ISBN 978-0-306-81358-0. Посетено на 23 March 2011.[мртва врска]
  5. James Minahan (2002). Encyclopedia of the Stateless Nations: D-K. Greenwood Publishing Group. стр. 916. ISBN 978-0-313-32110-8. Посетено на 24 March 2011.
  6. „Lithuania 2011 Census“. Lietuvos statistikos departamentas. 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-11. Посетено на 2016-10-19.
  7. (литвански) http://viduramziu.lietuvos.net/socium/sostine2.htm Архивирано на 16 јуни 2007 г.
  8. See (на полски): Maciej Masłowski: Stanisław Masłowski - Materiały do życiorysu i twórczości, Wrocław, 1957, Ossolineum, p.140
  9. PRESERVED WOODEN SYNAGOGUES IN LITHUANIA, documented by the Center for Jewish Art at Hebrew University in 1996 and 2004 http://cja.huji.ac.il/Architecture/Wooden-synagogues-Lithuania.htm Архивирано на 5 август 2007 г.
  10. Lonely Planet Estonia, Latvia & Lithuania, 2012, p. 25.
  11. „Miasta partnerskie i zaprzyjaźnione Nowego Sącza“. Urząd Miasta Nowego Sącza (полски). Архивирано од изворникот на 2013-05-23. Посетено на 2013-08-01.
  12. „Офіційний сайт міста Івано-Франківська“. mvk.if.ua (украински). Посетено на 7 March 2010.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 „Trakia district municipality“. Архивирано од изворникот на 2012-02-28. Посетено на 2016-10-19.

Надворешни врски

уреди