Томе Димовски (Волково, Општина Ѓорче Петров, 6 мај 1964Љуботенски Бачила, Љуботен (Скопско), 10 август 2001) бил македонски бранител, војник од резервен состав на АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 10 август 2001 заедно со седуммина соборци, откако камион на АРМ полн со муниција налетува на две нагазни мини поставени на шумскиот пат на правецот Љубанци - Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора, на околу 5 км од селото.[1]

Томе Димовски
06.05.1964 – 10.08.2001 (37 г.)

Роден во:Волково, Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Љуботенски Бачила, Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин: Војник од резервен состав
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Животопис

уреди

Живот, војната 2001 и сведоштва

уреди

Томе Димовски е роден на 6 мај 1964 година во скопско Волково. Томе пред неговата смрт беше машински инженер. Со неговата жена се запозна во 1990 година. Поради немање можност да работи на струката, Томе бил таксист во „Експрес“. Три години подоцна стапиле во брак, а набргу потоа им се роди ќерката. Во 2001 година кога започна воениот конфликт, на почетокот на јули со фамилијата се подготвуваше за годишен одмор. На 6 јули му дојде поканата за мобилизација. Требаше да реши дали ќе ја врати поканата или ќе ја прифати, долго се думаше. На крајот реши да ја прими за да може да и се оддолжи на државата, а потоа, рече, ќе можат мирно да заминат на одмор со фамилијата,

Во првите десетина денови, Томе трипати си доаѓал дома. Секој трет ден ги пуштале да бидат со домашните. Подоцна, заради наездата на терористите во Кумановско, Тетовско, па и во Скопско, 12 дена останале на позициите високо во Скопска Црна Гора. Потоа пак се ратил првичниот режим. При првите доаѓања дома, на домашните малку им зборувал за ситуацијата во која се наоѓа. Велел дека не е така страшно, дека сè ќе мине. По дванаесетте дена минати на високите позиции на планината почнал да се плаши. Кажувал дека им е тешко, бидејќи на позиции се по двајца, а терористите постојано ги провоцираат. Дури и пукале кон нив. Велел, се преслекуваат во женска облека за да ни се доближат, го користат добитокот за разни трикови и подметнувања, а нам ни е забрането да пукаме. Објаснувал дека за секој испукан куршум армијата ќе им наплатела по три марки казна или така нешто.

На 9 август 2001 година, вечерта, во 19:45 часот, Томе и се јавил на сопругата телефонски. Рекол да не ѕвонат, бидејќи по 20 часот ги исклучуваат мобилните. Албанците ги научиле нивните броеви и им се заканувале, ги малтретирале. Рекол уште и тоа дека сабајлето ќе си дојде дома, ќе ја земе колата и директно ќе заминат во Кочани, кај родителите на сопругата, за да си ја земат ќерката која цело лето била таму и да заминат на одмор во Бугарија. Рекол дека многу му е тешко и дека сака да се одмори од се. Барем неколку дена да биде со детето и жената.

Сабајлето, на 10 август, камионот ја однел смената на позициите. Назад ја враќал смената на Томе, вкупно 16 војници. Кога наближиле до летувалиштето во Љубанци, каде што биле сместени и требало конечно да се раздолжат со оружјето и да си заминат дома, маионот нагазнал на мина. Тоа е официјалното соопштение. Меѓутоа, според другарите на Томе, не била нагазна мина туку некоја експлозивна направа што со канал била активирана од близина. Ваквото искажување може да биде и вистинито затоа што камионот минал по истата патека пред половина час и ништо не се случило. Впрочем такви укажувања имаше и непосредно по експлозијата. При експлозијата, Томе од половината надолу целиот бил разнесен. Немале каде операција да вршат. Благодарение на јакото срце, под апарати издржа само до вечерта во 22 часот. Им подлегна на повредите во воената болница во Скопје.[2]

Димовски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Цвеќе за жртвите кај Љуботенски Бачила“. Утрински Весник. 10 август 2014. Посетено на 2015-08-27.[мртва врска]
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 165 – 168
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-01-29.