Томас Транстремер
Томас Транстремер (шведски: Tomas Tranströmer, р. 15 април 1931) — шведски поет, психолог и преведувач. Во неговата лирика се даваат описи за нордиската зима, ритамот и убавината на пејзажите и природата. Низ неговата поезија се чувствува и прикриена нишка на мистика, помешана со блага религиозност. Ужива голема меѓународна почит, за што говори и податокот дека неговите дела се преведени на повеќе од 60 светски јазици. Се смета за еден од најзначајните повоени европски поети. Во 2011 година ја добил Нобеловата награда за литература, со што станал седмиот носител на такво признание од својата земја.[1] Освен на Нобеловата награда, Транстремер е добитник и на Златниот венец од Струшките вечери на поезијата, со кој се закитил во 2003 г.
Томас Транстремер | |
---|---|
Транстремер во 2008 г. | |
Роден/а | Томас Госта Транстремер 15 април 1931 Стокхолм, Шведска |
Занимање | поет, психолог |
Националност | Швеѓанин |
Период | 1954 |
Значајни дела | Недовршениот рај Прозорци и камења Балтик За живите и за мртвите Тажната гондола |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 2011 |
Сопруг/а | Моника Блад |
Шведската кралска академија откри еден многу интересен податок поврзан со името на овој поет. Имено, Транстремер бил номиниран буквално секоја година за Нобеловата награда, почнувајќи од 1993. Како причини поради кои ја понел оваа престижна награда, кралската академија ги наведе големите филозофски теми кои се опфатени во неговите стихови, како прашањата за смртта, историја, спомените и природата. По прифаќањето на наградата, речиси веднаш биле преведени првите два тома од Томасовата поезија на повеќе странски јазици. Инаку, Транстремер е 108-от добитник на ова признание, и првиот Швеѓанец од 1974 г.[2]
Дела
уреди- 17 поеми (1954)
- Тајни на патот (1958)
- Неодвршениот рај (1962)
- Звуци и шини (1966)
- Патеки (1973)
- Балтик (1974)
- За живите и за мртвите (1989)
- Тажната гондола (1996)
- Големата загатка (2004)
Наводи
уреди- ↑ Салсбери, Стивен. „Гледајќи го невидливото: Суштината на поезијата на Транстремер“. Philadelphia Inquirer. Архивирано од изворникот на 2012-01-13. Посетено на 2012-11-04.
- ↑ Босман, Џули. „Шведски поет ја доби Нобеловата награда за литература“. The New York Times.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Томас Транстремер
- Негов целосен животопис Архивирано на 14 мај 2011 г.
- Животопис и дел од поемите на Транстремер
- Награди, признанија и видео клипови Архивирано на 14 август 2012 г.