Трезебург
Трезебург (германски: Treseburg) — село и поранешна општина во округот Харц, во Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јули 2009 е дел од градот Тале.
Трезебург | |
Градски дел во Тале | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Харц |
Град | Тале |
Основни податоци | |
Површина | 9 км2 |
Надм. височина | 423 м |
Население | 92 (31 декември 2006) |
- Густина | 10 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HZ |
Пошт. бр. | 06502 |
Повик. бр. | 039456 |
Местоположбата на Трезебург во округот Харц по припојувањето кон Тале | |
Координати | 51°43′N 10°57′E / 51.717° СГШ; 10.950° ИГД |
Географија
уредиТрезебург се наоѓа на устието на потокот Лупбоде со реката Боде во клисурата Боде, југозападно од Тале, на просечна височина од 270 метри.
Под Трезебург (низводно) се наоѓа природен резерват на клисурата Боде, низ кој води патека, долга 10 километри, води до Тале и Rosstrappe. Оваа патека е затворена во текот на зимата поради опасност од карпи. Друга патека води до ридовите на Hexentanzplatz.
Историја
уредиСелото поседува две рударски окна за железо и бакар, кои работеле од 15-от до 19-от век. До 1784 година, со сплавови била транспортирана рудата до преработучкиот објект Тале (Thaler Hütte).
На 1 јули 2009, претходно независната општина Трезебург била припоена кон округот Тале.
Администрација
уредиГрадоначалник
уредиПоследниот Bürgermeister („градоначалник“) на селото Трезебург бил Јерг-Петер Хартман.
Грб
уредиБлазонирање: „Сребрен, над црвен мост, црвена кула, два пристанишни дупки, помеѓу две тенки дрвја, во основа на пастрмка.“
(„In Silber ein roter gezinnter Turm mit silbernen Durchbrüchen über eine rote gezinnte Brücke, begleitet von je einer grünen Fichte, unten eine schwarze Forelle.")
Грбот бил создаден во 1995 од општински хералдичар, Јерг Манч и влегол во сила веднаш потоа. Одобрението на градскиот совет на Магдебург било дадено на 1 април 1997 година.
Знаме
уредиЗнамето на парохијата Трезебург има црвени и сребрени (бели) хоризонтални линии придружени со неговиот грб.
Економија
уредиТрезебург е одморалиште со многу кафулиња, ресторани и хостели. Исто така, е почетна и завршна точка на прошетките долж клисурата Боде.
-
Заоѓање на сонцето во Weißer Hirsch
-
Трезебург околу 1900
-
Улица во Трезебург со градската црква
-
Реката Боде близу Трезебург
-
Боде поминува низ Трезебург