Тагармишево

поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Тагармиш)

Тагармишево или Тагармиш (грчки: Υδρόμυλοι, Идромили; до 1926 г. Ταγαρμίς, Тагармис или Ταργαμίς, Таргамис[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција.

Тагармишево
Υδρόμυλοι
Тагармишево is located in Грција
Тагармишево
Тагармишево
Местоположба во областа
Тагармишево во рамките на Постол (општина)
Тагармишево
Местоположба на Тагармишево во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.20′N 22°34.6′E / 40.83667° СГШ; 22.5767° ИГД / 40.83667; 22.5767
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во северозападниот крај на Солунското Поле (или Пазарското Поле), на десниот брег на Гуменџиска Река, меѓу селата Кониково и Бозец.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Тагармишево било македонско село во Ениџевардарската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишува Грмишево (Грмышево) како македонско село.[2][3]

На австриската воена карта селото е обележано како Тавремешли (Текрим Вермешли) (Tavrermešli (Tekrim Vermešli), а на картата на Кондојанис стои како Текри Вермесли (Τεκρή Βερμεσλή), означено како христијанско село.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Текри Вермишли (Тогармишево) имало 95 жители Турци,[5] што е очигледна грешка.

По податоци на Бугарската егзархија во 1910 г. Тагармишево имало 8 семејства со 43 жители Македонци.[2][6]

Во неговиот патописен попис Боривое Милоевиќ посочува дека селото Тагармишево има 15 куќи, сите на Македонци христијани.[7]

Во Грција

уреди

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Претходната 1912 г. е регистрирано како село со христијнска вероисповед и македонски јазик. Во пописот од 1913 г. Тагармишево (Ταγαρμίς, Тагармис ) се води како село со 73 жители, од кои 33 мажи и 40 жени. Населението е принудено да се пресели во Бугарија. Ликвидирани се 5 имота на жители преселени во Бугарија.[4] Пописот од 1920 г. го спомнува како напуштено.[7] Во 1926 г. е преименувано во Идромили.[8] Малку подоцна во Тагармишево се населиле 2-3 влашки сточарски семејства, така што во 1928 г. се забележани 12 жители.[7] Сепак, и тие наскоро го напуштиле селото, и тоа престанало да се води како населба.

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ταγαρμίς -- Υδρόμυλοι
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  4. 4,0 4,1 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 4 август 2019.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  6. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  7. 7,0 7,1 7,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 79.
  8. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.