Бесленски Рид
Бесленски Рид (грчки: Χάρακας, Харакас) — ниска планина во Драмско, Егејска Македонија и Неврокопско, Пиринска Македонија. Претставува дел од венецот на Драмски Боздаг.[1][2]
Бесленски Рид | |
---|---|
Χάρακας | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.090 м |
Координати | 41°26′21″N 23°58′01″E / 41.4391° СГШ; 23.9669° ИГД |
Географија | |
Место | Драмско, Егејска Македонија и Неврокопско, Пиринска Македонија |
Матичен венец | Драмски Боздаг |
Опис
уредиПланината се наоѓа во најсеверниот дел на Драмски Боздаг, северно од Шилка, меѓу реката Места на исток, граничната пирамида бр. 166 и Белотинското Езеро и граничната пирамида бр. 141 на запад. Преку Чечката Клисура на исток е одвоена од планината Доспат на Родопите, а преку седлото Митницата е поврзана со планината Стргач на запад.[2] На север се наоѓа Неврокопската Котлина, а на југ е Елеската Котлина (Зрновското карстно поле).
Планината зафаќа вкупна површина од 156 км2. Долга е 21 км, со средна ширина од 8 – 9 км. Највисок врв е Чиплак Баир (1.190 м). Карпите се претежно метаморфни — гнајсови, шкрилци, мермери, амфиболити. Климата е преодносредоземна со средни годишни врнежни од 750 - 900 мм. Има промиена циметни шумска почва, на места значајно еродирани. По билните делови преовладуваат шуми од даб горун, а по падините од даб благун. На одделни места се среќаваат насади од црн бор. На северното подножје на Бесленски Рид се сместени пиринските села Петралик, Теплен и Беслен.[1]
Грчкото име „Харакас“ е дадено по новото име на поранешното село Гуштерак.[2]
До првенецот Чиплак Баир се стасува од селото Беслен (од бугарска страна) за 2 часа по земјен пат кон југ,[3] и од Белотинци (на грчка територија), исто така за 2 часа по земјен пат кој оди на североисток.[2]
Име | Грчки | Висина (м) | Местоположба |
---|---|---|---|
Чиплак Баир | Χάρακας | 1.090[2] | гранична пирамида бр. 152 |
Σταυρός, Άγιος Νικόλαος | 1.058[2] | ||
Φυλάκιο | 1.011[2] | гранична пирамида бр. 148 | |
Свети Никола | Άγιος Νικόλαος, Σταυρό | 949[2] | |
Βαλανιδιές | 940[2] | ||
Чиплак | Γυμνή, Τσιμπλάκι, Τσιπλάκι, Τσίπλακ | 908[2] | |
Дервиште | Καλινέ, Δερβισέ | 742[2] | |
Калуѓер | Καλόγερος | 920[2] | |
Μπουζουράνη | 600[2] | ||
Свети Илија | Προφήτης Ηλίας | 700[2] | |
Ράχες | 940 - 900[2] | ||
Чакал | Τσακάλι, Μάνδρα Γκούρτσα | 840[2] |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 86. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 466. ISBN 978-960-86676-6-2.
- ↑ Село Беслен – връх Чиплакбаир tripsjournal.com, 10 јануари 2022 г.
Надворешни врски
уреди- Село Беслен — врв Чиплакбаир (бугарски)