Стефан Санџакоски
Отец Стефан Санџакоски (роден во Струга на 3 септември 1956 година) е вонреден професор на Теолошкиот факултет во Скопје. Духовната и интелектуалната клима на семејството Санџакоски ќе одигра клучна улога во процесот на формирањето на неговата личност, особено капиталното творештво во областа на филолошките и музиколошките науки на семејниот патријарх, архимандритот Калистрат Зографски.
Откако завршил гимназија (природно-математичка насока) во Струга, се запишал на Теолошкиот факултет во Белград. Студиите ги завршил на 18 февруари 1983 г. Во текот на студирањето му биле врачени две значајни признанија:
- 1. наградата "Д-р Радивој Јосиќ", од областа на апологетските науки и
- 2. Наградата за најдобар дипломиран студент на Теолошкиот факултет во Белград.
Со препорака на Професорскиот колегиум при Теолошкиот факултет во Белград овозможен му е шестмесечен студиски престој на Света Гора Атонска, каде го изучувал јазикот на византиските отци на Црквата.
Во периодот од 1985 г. до 1988 г. се наоѓал на постдипломски студии во Париз (Франција) на Православниот теолошки институт "Св. Сергеј Радоњежки", каде по завршувањето на испитите пријавил докторат од областа на патролошко-аскетските науки. Предмет на неговите научни истражувања бил "Apoftegmata patrum", кодекс на монашки изреки од Египет на IV-V век. Ментор на истражувачкиот проект му бил професорот Оливие Клеман, ученик на славниот француски егзистенцијалист Жан Пол Сартр.
Во 1990 г. Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква го избрал за наставник на Катедрите по патрологија и аскетска теологија со христијанска етика. Во 1994 г. произведен е во звањето доцент, а од 2002 год. во звањето вонреден професор.
Титули
уреди- Магистрирал 1995 - Пролегомена за истражувањето на православната Византиско-словенска култура на Македонија.
- Докторирал 1997 - Апофатичка филозофија на Corpus Areopagiticum, ментор: академик проф. д-р Георги Старделов.
Место: Философски факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
Отец Стефан Санџакоски е познавач на хебрејскиот, старогрчкиот, латинскиот, старословенскиот, францускиот, англискиот, рускиот и на повеќето други словенски јазици.
Авторски дела
уредиАвтор е на преку шеесет научни трудови објавени во домашни и странски списанија, како и на книгите:
- "Богомислие", Метафорум, Скопје, 1993;
- "Беседи од Калишта", Рубљов 2000, Струга,
- "Беседи од Калишта", e-издание,"Блесок", Скопје 2001,
- "Икони на ноуменот", Рубљов, Струга, 2001 г.;
- "Покрови на преданието", Три, Скопје, 2001 г.,
- "Апофатичка филозофија, Три, Скопје 2003;
- "Историјата како иконостас", Икона, Скопје 2004.
Надворешни врски
уреди- Стефан Санџакоски - Биографија[мртва врска]
- СМРТТА НА СМРТТА[мртва врска]
- ЗА ЈУДОИМЕНИТЕ[мртва врска]
- ЖЕНАТА ХАНАНЕЈКА И ДОСТОЕВСКИ[мртва врска]
Оваа статија од областа на религијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |