Стерјо Дачов ( 1917 во Старичани, Костурско, Егејска Македонија — ?) — македонски национален деец, учесник во НОБ од Егејскиот дел на Македонија и учесник во Граѓанската војна во Грција.[1][2]

Стерјо Дачов
Роден 1917 година
Старичани, Костурско, Егејска Македонија
Националност Македонец

Животопис уреди

Се вклучил во комунистичкото движење во периодот помеѓу двете светски војни. За време НОБ бил политички комесар на резервен баталјон на ЕЛАС (1943-1944), секретар на Окружниот комитет на КОЕМ за Костурско (1945-1946), а во Граѓанската војна бил политички комесар на баталјон на ДАГ (1947-1949).[3] На 20 јуни 1949 година, по барање на Никос Захаријадис се одржал вонреден состанок на раководството на НОФ-КОЕМ, односно актив на КОЕМ во една пештера надвор од селото Вињани, мeѓу селата Орово и Нивици, Преспанско. НА овој состанок покрај кадрите на КОЕМ, учествувале и лица од редовите на ДАГ, меѓу кои бил и Срејо Дачов.[4] Од април 1952 до јуни 1956 година, бил член на Претседателството на организацијата „Илинден“ на Македонците од егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји.[1]

Бил дел од Редакцијата на списанието „Илинден“ (1952-1956), печатено на македонски јазик што се печатело во Романија. Претставувало орган на Централниот совет на организацијата „Илинден“. Се печател на македонски јазик со кирилица, употребувајќи и руски букви, на формат 16,5 х 25,5 см. Списанието од август 1952 година излегувло на четиринаесетина страници и тоа како периодично гласило. Покрај Стерјо Дачов во Редакцијата биле ѝ д-р Ѓорѓи Неделков, Ставре Кочов.[5]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 143. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 84. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 432. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  4. Мамуровски, Ташко (5 март, 2016). Паскал Митревски и неговото Време (1912-1978) (PDF). Канада (e-book edition): Risto Stefov Publications. стр. 135. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  5. „Информативни гласила со името „Илинден" во Европа (30)“. Македонска нација. Посетено на 2022-01-31.