Голешево — село во Општина Свети Врач, во Пиринска Македонија, денешна југозападна Бугарија.

Голешово
Голешово is located in Пиринска Македонија
Голешово
Голешово
Местоположба на Голешово Пиринска Македонија
Координати: 41°25′26″N 23°26′16″E / 41.42389° СГШ; 23.43778° ИГД / 41.42389; 23.43778
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаСвети Врач
Надм. вис.&10000000000000753000000753 м
Население (2011)
 • Вкупно14
Час. појасEET
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC)

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на Голешово

Село Голешово се наоѓа во Благоеврадската област, на северозападното подножје на планина Славјанка (Алиботуш), на надморска височина од 753 метри. Во непосредна близина до него се наоѓа биосферниот резерват "Алиботуш". Голешово е оддалечено 47 километри југоисточно од Свети Врач, на 44 километри источно од Петрич и 39 километри југозападно од Неврокоп. Атарот на селото допира до граничниот појас помеѓу Бугарија и Грција.

Историjа

уреди

Селото под името Голешово за првпат се среќава во османлиските даночни регистри 1611 – 1617, 1623 – 125 година. Се претпоставува дека името доаѓа од зборот „голеш“, којшто означува „голо“ населено место.

Според легендата, основач на селото е некојси дедо Голјо, којшто прв се населил на местото на денешното село, бегајќи од прогонот на Османлиите. Како и во другите села во тој крај и во Голешово во XVII-XVIII век се населуваат Македонци од Западна Македонија, принудени да ги напустат своите родни краишта од нападите на албанските доселеници. Главна стопанска дејност на населението во тоа време било козарството, кираџиството, печалбарството, како и вадење и преработка на железо.

Во XIX век во селото се изградени две цркви и тоа „Свети Димитриј“ - изградена во 1833 година и „Успение на Пресвета Богородица“ - изградена во 1853 година.

 
Табла на влезот во селото

Во текот XIX век, селото е дел од Демирхисарската каза на Серскиот санџак.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 1.250 жители, сите Македонци.[1][2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 2.240 година во Голешово имало 1.800 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[1][3]

 
Поранешното училиште

Стопанство

уреди

Демографија

уреди

Голешово е мало село. Според пописот од 2011 година, во селото живееле само 14 жители, запишани како Бугари.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во Голeшово за периодот 1934-2011:[5]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 163 203 170 83 36 32 33 26 14
 
Споменик на Стоју Хаџиев во центарот на селото

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди

Во планината близу селото, се наоѓа мала пештера Капе, каде што во 1903 година престојал Гоце Делчев со својата чета.

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди
 
Камениот мост

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 184. ISBN 954430424X.
  3. D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, стр. 188 – 189.
  4. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  5. „Справка за населението на с. Голем Цалим, общ. Сандански, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 12 јуни 2018. Посетено на 2018-02-04.