Средна Маала
Средна Маала или Орта Маала (грчки: Μεσαία, Месеја; до 1927 г. Ορτά Μαχαλέ, Орта Махале,[1] Ορτά Μαχαλά, Орта Махала[2][3][4]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Јуруци.[5]
Средна Маала Μεσαία | |
---|---|
Координати: 41°23.15′N 23°16.29′E / 41.38583° СГШ; 23.27150° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Петрич |
Надм. вис. | 310 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, источно од денешната бугарско-грчка граница.[6]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот од XIX век селото било дел од селата Јуруклери во Петричката каза, во кои влегувале Горна Маала (Дере Мааала) и Долна Мала (Ашаја Маала).[5] Трите села понекогаш се сметале за едно, наречено Јурук Маало,[7] на македонски наречено и Тополник.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополник (Topolnik) е село во 76 домаќинства на 190 жители муслимани.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Средна Маала (Срѣдня Махала) било село во Петричката каза со 390 жители, сите Турци.[9] Истовремено во Демирхисарска кааза К’нчов посочува и село Средни Тополник (Срѣдни Топалникъ) со 450 жители Турци.[10]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото е заведено со 478 жители.[5] На 28 декември 1919 г. е создадена општината Дере Маала,[5] во која влегле Горна и Долна Маала, јуручкото село Хан Дере и македонското село Тополница. Во 1920 г. селото имало 434 лица.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско е иселено во Турција, а на негово место се доселени грчки колонисти.[5] Така, во 1928 г. Средна Маала е претставена како чисто дојденско село со 502 жители (153 семејства).[11]
Во 1940 г. Средна Маала е евидентирана со 295 жители, од кои 210 биле мажи, што значи дека тука била сместена погранична воена единица.[5] Селото е евакуирано со воена заповед на 13 март 1941 г. малку пред германската инвазија, и населението е преместено во блиски села, па и други делови на Грција.[3] По војната тоа не било обновено бидејќи е гранично.[5] Отпишано е во 1961 г.[3] Атарот е припоен кон оној на Ветрен, каде се префрлиле голем дел од жителите.[5]
Наводи
уреди- ↑ Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1915). Απαρίθμησις των Κατοίκων των Νέων Επαρχιών της Ελλάδος του Έτους 1913 (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 49.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Διοικητικές Μεταβολές Οικισμών“. ΕΕΤΑΑ. Посетено на 13 декември 2022.
- ↑ Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1921). Πληθυσμός του Βασιλείου της Ελλάδος κατά την Απογραφήν της 19 Δεκεμβρίου 1920 - Πραγματικός πληθυσμός (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 282.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 5,8 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 203–204. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Влаховъ, Георги Д (1904). Карта България. Съставена по най-новитѣ карти на Сръбския, Българския и Руския Генерални Щабове съ допълнителни изменения на съобщенията по свѣдения, дадени отъ г. г. Окрѫж. Инженери, чрѣзъ Министерството на Обществ. Сгради и пр. Статистическитѣ свѣдения сѫ взети отъ Дирекцията на Статистиката по послѣднитѣ и нови прѣброявания. София: Лит. Рах. Нисимовъ & Иванъ Празе.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 187. ISBN 954430424X.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012