Долна Маала (Валовишко)
Долна Маала или Ашаја Маала (грчки: Κατώμερο, Катомеро; до 1927 г. Ασαγιά Μαχαλέ, Ашаја Mахале[1][2]; Ασαγιά Μαχαλά; Асаja Mахала[3][4]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Јуруци.[5]
Долна Маала Κατώμερο | |
---|---|
Координати: 41°22.47′N 23°17.28′E / 41.37450° СГШ; 23.28800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Петрич |
Надм. вис. | 340 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, јужно од денешната грчко-бугарска граница. Лежело јужно од селото Тополница и северно под возвишението Ашаја (470 м).[6]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот од XIX век селото било дел од селата Јуруклери во Петричката каза, во кои влегувале и Средна Маала (Орта Маала) и Горна Маала (Дере Маала).[5] Трите села понекогаш се сметале за едно, наречено Јурук Маало,[7] на македонски наречено и Тополник.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополник (Topolnik) е село со 76 домаќинства на 190 жители муслимани.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Долна Маала било село во Петричката кааза с 365 жители, всички турци.[9] Истовремено во Демирхисарската каза К’нчов посочува и село Топалник Долни со 370 жители Турци.[10]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Таа година населението броело 158 жители, а во 1920 г. во него е попишано 161 лице.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор неговото население, како муслиманско, е иселено во Турција, а на негово место се доведени грчки колонисти.[5] Во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско со вкупно 221 жител.[5]
Во 1940 г. бројот на жители се намалил на 111. Селото е евакуирано на 13 март 1941 г., малку пред германската инвазија, и населението е сместено во околните села, па дури и во други делови на Грција.[1] По војната тоа не е обновено поради својата гранична местоположба.[5] Отпишано е во 1951 г.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Διοικητικές Μεταβολές Οικισμών“. ΕΕΤΑΑ. Посетено на 2022-12-13.
- ↑ Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1921). Πληθυσμός του Βασιλείου της Ελλάδος κατά την Απογραφήν της 19 Δεκεμβρίου 1920 - Πραγματικός πληθυσμός (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 282.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1915). Απαρίθμησις των Κατοίκων των Νέων Επαρχιών της Ελλάδος του Έτους 1913 (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 48.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 186. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Влаховъ, Георги Д (1904). Карта България. Съставена по най-новитѣ карти на Сръбския, Българския и Руския Генерални Щабове съ допълнителни изменения на съобщенията по свѣдения, дадени отъ г. г. Окрѫж. Инженери, чрѣзъ Министерството на Обществ. Сгради и пр. Статистическитѣ свѣдения сѫ взети отъ Дирекцията на Статистиката по послѣднитѣ и нови прѣброявания. София: Лит. Рах. Нисимовъ & Иванъ Празе.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 187. ISBN 954430424X.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.